Достапни линкови

Интернет заедницата во акција за слобода на медиумите


Претседателката на ССНМ Тамара Чаусидис.

Претседателката на ССНМ Тамара Чаусидис.

Интернет заедницата ја препознала заканата од нацрт-законот за медуми што се подготвува во Македонија. Акцијата на ССНМ, според Синдикатот, е дел од дебатата.

Вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими денеска на неформална средба со новинарите по повод Светскиот ден за слобода на медиумите ги слушна забелешките од Здружението на новинарите на Македонија и од Самостојниот синдикат на новинари и медиумски рабитници за нацрт-законот за медиуми.

Бесими повика забелешките и коментарите со кои може да се подобри нацртот да ги достават до крајот на месецов до кога Министерството за информатичко општество и администрација го продолжи рокот за дебата за законот што се подготвува, но претставниците на ЗНМ и на ССНМ сакаат повлекување на законот и побараа од вицепремиерот да го прати нацртот на анализа во Советот на Европа.
Клучна забелешка е што Владата донесува закон за кои тие не се прашани и што во него ги вградила само оние одредби од европската легислатива што се однесуваат на ограничување на слободата на изразувањето.

Претседателот на ЗНМ Насер Селмани побара да се постапи по препораките на Европската комисија, а најдобро решение, рече тој, е законот да се повлече.

Самостојниот синдикат на новинарите и медиумиски работници, по повод денешниот меѓународен ден на слобода на печатот упати повик за затемнување на нивните медиуми што го упати

Советот за човекови права при Обединетите нации, правото на слободен пристап до интернет го смета за човеково право, а ние се соочуваме со озаконување на цензурата, и покрај фактот што во Уставот јасно се вели дека Цензурата е забранета со закон, изјави Тамара Чаусидис, додавајќи дека интернетот е неограничен ресурс за кој не важат државните граници и апсурдно е нашата држава да се обиде да го регулира.
Со аргументи дека ке се воведе ред во он лајн сферата, со новиот нацрт закон доага сериозна опасност за политичка контрола, цензура и селекција на он лајн медиумите.

„Со аргументи дека ке се воведе ред во он-лајн сферата, со новиот нацрт-закон доаѓа сериозна опасност за политичка контрола, цензура и селекција на он лајн медиумите.“

На повикот на Синдиактот уследи реакција од Министерството за информатичко општество и од владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ.

Министерството за информатичко општество оцени дека новиот закон за медиуми е подготвуван согласно европските директиви и ги отфрлаат сите забелешки на Синдикатот дека постои опасност од цензура на интернет. Според ВМРО-ДПМНЕ, Синдикатот е продолжена рака на опозиционата СДСМ и затоа го отфрла овој предлог закон кој ,според партијата, долг период се подготвува и е во целосна координација со експерти од Македонија, новинари, но и експерти од ЕУ.

„Тие повеќе се одредуваат со речникот и намерата отколку што треба да им се одговори. Сепак треба да се напомене дека дебата и размена на мислења за закон за медиуми е основа на демократските системи и оваа акција е дел од таа дебата“, коментира Чаусидис.
Тие повеќе се одредуваат со речникот и намерата отколку што треба да им се одговори. Сепак треба да се напомене дека дебата и размена на мислења за закон за медиуми е основа на демократските системи и оваа акција е дел од таа дебата.

Критики поради начинот на кој Владата сака да го донесе Законот за медиуми дојдоа и од Меѓународната заедница. Имено, според најновиот извештај на Фридом хаус објавен завчера, Македонија е најниско рангирана земја во регионот и од ланскиот извештај бележи пад за пет места. По објавувањето на извештајот и ЗНМ порача дека најзагрижена треба да биде владата.

Според претседателот на ЗНМ Насер Селмани, ако Владата не отстапи од намерата да донесе ваков закон, следната година Македонија ќе се дружи со нај неслободните земји по слобода на изразување,

Инаку, Светскиот ден за слобода на печатот беше прогласен пред 20 години од страна на Генералното собрание на ОН во декември 1993 по препорака на Генералната конференција на УНЕСКО. Тоа е можност да се реафирмираат основните принципи на слобода на печатот, да се процени состојбата со слобода на печатот во светот, да се одбранат медиумите од нападите по нивната независност и да се оддаде почит на новинарите кои ги загубија животите вршејќи ја нивната должност.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG