Достапни линкови

Министерот Бесими и новинарите за законот за медиуми


Вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими денеска на неформална средба со новинарите по повод Светскиот ден за слобода на медиумите ги слушна забелешките од Здружението на новинарите на Македонија и од Самостојниот синдикат на новинари и медиумски рабитници за нацрт-законот за медиуми.

Бесими повика забелешките и коментарите со кои може да се подобри нацртот да ги достават до крајот на месецов до кога Министерството за информатичко општество и администрација го продолжи рокот за дебата за законот што се подготвува, но претставниците на ЗНМ и на ССНМ сакаат повлекување на законот и побараа од вицепремиерот да го прати нацртот на анализа во Советот на Европа.
Клучна забелешка е што Владата донесува закон за кои тие не се прашани и што во него ги вградила само оние одредби од европската легислатива што се однесуваат на ограничување на слободата на изразувањето.

Претседателот на ЗНМ Насер Селмани побара да се постапи по препораките на Европската комисија, а најдобро решение, рече тој, е законот да се повлече.
XS
SM
MD
LG