Достапни линкови

Немири во Скопје, десетици повредени и приведени


Во немирите што се случија вчера и денеска во Скопје, десетици луѓе, меѓу кои и полицајци беа повредени, а има и многу приведени.

Најмалку десет лица се повредени, три возила се целосно демолирани и еден автобус е запален, а неколкумина демонстранти се приведени. Ова е досегашниот исход од немирите кои се случуваа денеска во Скопје. Портпаролот на МВР Иво Котески за МИА изјави дека за време на насилствата се оштетени и повеќе сообраќајни знаци, автобуски постојки, но најголема штета е нанесена врз приватни возила и објекти.
За време на насилствата се оштетени и повеќе сообраќајни знаци, автобуски постојки, но најголема штета е нанесена врз приватни возила и објекти.

Превртени се две приватни возила и искршени шофершајбни на повеќе автомобили.
Протестот, што се одржа пред владата поради вчерашните настани при кои беа повредени неколку албански малолетници, излезе од контрола откако демонстрантите почнаа да фрлаат со камења кон припадниците на МВР, да уништуваат сообраќајни знаци пред Владата и автобуските постојки. По ова полицајците ја разбија групата со солзавец и чадни бомби.

Судирите меѓу полицијата и демонстрантите ескалираа подоцна на Бит Пазар.
Во вечерните часови ситуацијата е релативно мирна, а низ градот има силно полициско обезбедување.
​Вчера пред македонската Влада се одржа протест против наименувањето на Талат Џафери за министер за одбрана на кој беа предизвикани повеќе инциденти и беа фрлани камења и тврди предмети кон зградата на Владата и полициските службеници кои го обезбедуваа протестот. Откако демонстрантите беа избркани од пред владата, инциденти имаше и низ други делови на Скопје.

Полицијата соопшти дека по вчерашните немири приведени се 18 лица, од кои дел се малолетни, а по целосно документирање на случаите ќе бидат процесуирани соодветни кривични пријави и ќе бидат изведени пред надлежен суд. Меѓу приведените се и две лица од Прилеп и Скопје кои се јавуваат како организатори на вчерашниот простест. Во немирите, 16 лица меѓу кои 11 полицајци се повредени, потврдуваат од МВР.

Министерството апелира на смирување на страстите бидејќи против сите кои ќе продолжат со насилство ќе бидат преземени најостри мерки.

По вчерашните и денешните протести пред Владата кои завршија со инциденти, Демократската унија за Интеграции бара од граѓаните да не подлегнуваат на провокации.

„Некои политички субјекти, со цел да добијат политички поени, играат на картата на национализмот. Ги повикуваме граѓаните да останат ладнокрвни и да не подлегнуваат на провокации. ДУИ гарантира дека секој што ќе крене рака врз деца и националното знаме, ќе го стигне максимална казна“, изјави портпарлот на ДУИ, Бујар Османи.
  • 16x9 Image

    Благоја Кузмановски

    Во новинарството е од 1993 година, кога почнува да работи во дневната редакција на Македонското радио. Бил уредник и водител на сите дневно – политички информативни емисии на програмите на радиото. Од 2002 година е шеф на дописништвото на Радио Слободна Европа во Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG