Достапни линкови

Македонското знаме во Мислешево ги бранува страстите


Жители на струшкото село Мислешево кои на влезот од селото сакаат да постават 25 метарски јарбол со македонското знаме.

Жители на струшкото село Мислешево кои на влезот од селото сакаат да постават 25 метарски јарбол со македонското знаме.

Инспекцијата од Струга им доставила решение за уривање на постаментот каде треба да се постави знамето. Жителите протестираат и се закануваат дека ќе го блокираат патот Охрид-Струга.

Градските власти во Струга да немаат двојни аршини кога е во прашање поставувањето на национални симболи, порачуваат жителите на струшкото село Мислешево кои на влезот од селото сакаат да постават 25 метарски јарбол со македонското знаме.
Цела Струга на 28 ноември беше преплавена со албански знамиња и ние не реагиравме, ниту пак запаливме знаме. И затоа си поставивме наше знаме како што тие поставија нивно. Знамето не е против никого наменето. Тоа е наше знаме во приватно земјиште во државата наша. Дојде инспекција и ни рекоа да прекинеме со работа.

Тие велат дека во тоа биле спречни од инспекциските служби кои им доставиле решение за рушење на постаментот каде треба да се постави знамето. Како што во средините со албанско население без проблеми биле поставени табли со натписи на албански јазик и државното знаме на Албанија и тие сакале македонското знаме да се вее овде. Стрезо Јовчески од Месната заедница во Мислешево вели:

„Цела Струга на 28 ноември беше преплавена со албански знамиња и ние не реагиравме, ниту пак запаливме знаме. И затоа си поставивме наше знаме како што тие поставија нивно. Знамето не е против никого наменето. Тоа е наше знаме во приватно земјиште во државата наша. Дојде инспекција и ни рекоа да прекинеме со работа. Но им рековме дека нема да прекратиме бидејки знамето е државно. Им рековме дека има многу диви градби низ градот, срушете ги и нив, а потоа ќе рушиме и ние“, рече Стрезо Јовчески од Месната заедница во Мислешево.

Ако повторно бидат под притисок тоа да не го прават решени се да го блокираат и патот Охрид-Струга.
По правило иницијативата се доставува до советот на општина Струга. Во секој случај таа пред се треба да помине низ Советот на општина Струга, да ја разгледаат одредени комисии и врз основа на стручни мислења согласно постојните законски прописи да се одговори соодветно на иницијативата, дали да се прифати или нема да се прифати.

„Секаде има и знамиња и табли. Најдобро ќе биде општинските власти на чело со градоначалникот да ни кажат како ги поставија знамињата во тие села како што е Ливада, Делогожда“, вели жител.

„Ова е македонското знаме, ние не подигаме некое друго знаме, националистичко или некое друго. Не би требало да смета македонското знаме во Македонија. Ние не го подигаме во друга држава“, вели друг жител.

Велат дека идејата не им е да предизвикаат меѓуетнички тензии.

„Ние не правиме ништо на етничка основа. Никаков раздор не правиме, сакаме да подигнеме знаме кое е симбол на оваа држава“, вели друг жител.

Зоран Гулицоски, секретар во општина Струга со објаснувње каков бил процесот на поставување симболи.

„По правило иницијативата се доставува до советот на општина Струга. Во секој случај таа пред се треба да помине низ Советот на општина Струга, да ја разгледаат одредени комисии и врз основа на стручни мислења согласно постојните законски прописи да се одговори соодветно на иницијативата, дали да се прифати или нема да се прифати“, рече Зоран Гулицоски, секретар на општина Струга.

Жителите знамето планираат да го постават пред локалните избори и, како што велат, на приватна парцела, а не на јавна површина. Минатата недела неколку стотина жители со различна политичката припадност се собраа на влезот од селото каде одржаа едночасоен мирен протест.
XS
SM
MD
LG