Достапни линкови

logo-print

Хотел на местото на Бурмали џамија за влошување на меѓуетничките односи


Прес-конференција на Координативниот совет на невладините организации за обнова на Бурмали џамијата на плоштадот во Скопје.

Прес-конференција на Координативниот совет на невладините организации за обнова на Бурмали џамијата на плоштадот во Скопје.

Изградбата на хотел на местото на Бурмали џамија на скопскиот плоштад е уште една провокација кон муслиманите во Македонија, вели Јасмин Реџепи, член на Советот за обнова на Бурмали џамија.

Со слики од Бурмали џамија излепени на тарабите каде ќе се гради Офицерскиот дом Координативниот совет на невладините организации за обнова на џамијата јавно го изрази својот револт поради почетокот на градежните работи. Според членот на советот Јасмин Реџепи изградбата на хотел на местото на Бурмали џамија на скопскиот плоштад е уште една провокација кон муслиманите во Македонија.
Постојаното игнорирање на наштите повеќегодишни барања до Владата на Република Македонија за враќање на Вакафот и за дозвола за обнова на Бурмали џамија на местотo кадешто постоела неколку векови, овие денови за жал го достигна највисокиот степен на институционална дрскост дозволувајќи почеток на градежните работи за хотелот. Сметаме дека ова непромислено дело претставува тешка провокација за верските чувства на муслиманите во целина и удар на и онака кревките меѓуетнички и меѓуверски односи во Република Македонија.

„Постојаното игнорирање на наштите повеќегодишни барања до Владата на Република Македонија за враќање на Вакафот и за дозвола за обнова на Бурмали џамија на местотo кадешто постоела неколку векови, овие денови за жал го достигна највисокиот степен на институционална дрскост дозволувајќи почеток на градежните работи за хотелот. Сметаме дека ова непромислено дело претставува тешка провокација за верските чувства на муслиманите во целина и удар на и онака кревките меѓуетнички и меѓуверски односи во Република Македонија.“
Бурмали џамија во Скопје.

Бурмали џамија во Скопје.


Координативниот совет бара од Владата, од Град скопје и од Општина Центар веднаш да престанат градежните работи на Вакафската сопственост и сериозно да се разгледаат нивните повеќегодишни барања за дозвола и можност за обнова на џамијата.

„За одговорот на провокацијата деновиве ќе заседава пак Координативното тело и јавноста навремено ќе биде известена за следните чекори кои ќе ги преземеме заедно со сите кои се засегнати од враќањето на овој историски нишан на градот Скопје.“

Вели Рамадан Рамадани член на советот, кој не очекува нивното барање да предизвика некакви тензии на меѓуетнички план.

„Ова нема врска ниту со етничност, ниту со религија, туку ова е барање на некои луѓе кои имаат историски темел на оваа место и кои не сакат некој безправедно и насилнички да гради врз нивниот нишан кои го сметаат за свет.“

Од Координативниот совет побараа од албанските политичари во Владата и од преставниците на меѓународните организации во земјата поодлучно да се ангажираат за праведно решавање на прашањето. Парцелата за изградба на Офицерскиот дом во 2011 ја купи грчки бизнисмен.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG