Достапни линкови

Пропуштена шансата за вложување во соживот


Прослава по повод 100 годишнината од албанската независност. Вицепремиерот Муса Џафери, лидерот на ДУИ Али Ахмети, премиерот на Албанија Сали Бериша и премиерот на Косово Хашим Тачи.

Прослава по повод 100 годишнината од албанската независност. Вицепремиерот Муса Џафери, лидерот на ДУИ Али Ахмети, премиерот на Албанија Сали Бериша и премиерот на Косово Хашим Тачи.

Со неприсуството на стогодишнината од албанската независност, македонските претставници во владата покажаа непочитување кон сограѓаните од друга етничка заедница и кон премиерите на Албанија и на Косово, кои беа присутни на прославата и ја пропуштија шансата да направат подобрувања на полето на соживот, велат аналитичарите.

Неодговорно е однесувањето на македонските претставници во владата кои не присуствуваа на прославата на стогодишнината од албанската независност, коментираат експертите. Со тоа тие покажаа непочитување кон сограѓаните од друга етничка заедница, кон премиерите на Албанија и на Косово кои беа присутни на прославата и ја пропуштија шансата да направат подобрувања на полето на соживот, велат тие.
Јас мислам дека најмногу може да се толкува како неодговорност и неодговорно однесување и однесување кое не може да се поправи, затоа што вакви моменти се ретки, оваа прослава е на стогодини, верувам дека ниту еден од политичарите на идната прослава нема да присуствува.


Аналитичарот Алберт Муслиу вели дека за жал во Македонија сè се подредува на дневната политика, па така се пропушти шансата да се покаже добар гест и со овие моменти да се надминат дневнополитичките тензии и несогалсувања. Неприсуството на македонски претставници на прославата не може да се толкува како неинформираност, вели Муслиу.
Лидерот на ДУИ Али Ахмети говори на прославата по повод 100 годишнината од албанската независност.

Лидерот на ДУИ Али Ахмети говори на прославата по повод 100 годишнината од албанската независност.


„Јас мислам дека најмногу може да се толкува како неодговорност и неодговорно однесување и однесување кое не може да се поправи, затоа што вакви моменти се ретки, оваа прослава е на стогодини, верувам дека ниту еден од политичарите на идната прослава нема да присуствува.“

Премиерот Никола Груевски прославата ја пропушти, затоа што како што беше најавено, токму на денот на прославата треба да отпатува во САД. Според информациите од владата, посетата на САД е продолжување на роуд – шоуто кое Владата веќе го имаше пред некој месец.
Тоа е игнорирање едноставно, што сметам дека е лоша работа. Можеби немаше нема да сметаше да се упатеше една честитка или да се присуствуваше на таква прослава. На крајот на краиштата имаме примери каде македонски функционери присуствувале на прослава кај Албанците, каде што воопшто не се говорело на друг јазик, освен на албански, Го имавме тоа за денот на албанската азбука во Битола, каде присустуваше министерката за култура.

Но само премиерот не ја чини владата, државата ја води цела влада, во владата има дваесетина министри, вицепремиери кои во отсуство на премиерот го заменуваат. Од друга страна, не се огласи ни кабинетот на претседателот, вели Владо Димовски од Центарот за меѓуетничка толеранција.

„Тоа е игнорирање едноставно, што сметам дека е лоша работа. Можеби немаше нема да смета да се упатеше една честитка или да се присуствуваше на таква прослава. На крајот на краиштата имаме примери каде македонски функционери присуствувале на прослава кај Албанците, каде што воопшто не се говорело на друг јазик, освен на албански. Го имавме тоа за денот на албанската азбука во Битола, каде присустуваше министерката за култура.“

Димовски додава дека прославата требаше да се искористи за да се покаже добра волја дека се почитува другиот.

„Мислам дека се и можеби намерно провокации во коалициониот партнер. Мора да се покаже добра волја дека се почитува на крајот на краиштата соседната држава.“

Муслиу вели дека неодговорното однесување на политичарите, потоа се рефлектира кај граѓаните.

„Вакви неодговорни однесувања, вакво невклучување и немање разбирање за другата страна, секогаш од елементи кои не се многу за соживот и за соработката, може да се користат како аргументи за нивните цели.“

На прославата во Скопје присуствуваат и премиерите на Албанија и на Косово, Сали Бериша и Хашим Тачи. Слични манифестации наредните денови ќе се одржат во Косово и во Албанија.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG