Достапни линкови

Ги палат националните страсти во Македонија и се прогласуваат ненадлежни. Политичари со европски амбиции, нели, си ги мерат знамињата, спомениците. Е, па веќе е срамно, велат аналитичарите и македонци и албанци. Инает на инает, малска политика која ја дели Македонија, а граѓаните белки веќе не се толку наивни.

Онаа народната кој тебе со камен, ти него со леб, денешниве политичари ја преработија во кој тебе со знаме, ти него со поголемо знаме. Во Тетово осамна најголемото албанско знаме, на Деве Баир ќе никне највисокото македонско. И додека политичарите си го мерат назионализмот и се прогласуваат за ненадлежни, граѓаните велат дека единствени виновници за разгорување на меѓуетничките страсти се токму политичарите.
Преголемото нагласување на националната припадност, мислам дека е нешто што треба веќе да се надминува, треба да се бараат другите вредности што не спојуваат.


„Преголемото нагласување на националната припадност, мислам дека е нешто што треба веќе да се надминува, треба да се бараат другите вредности што не спојуваат.“

„Прават раздор меѓу народот, за да имаат со што да се 'покриваат'.“

„Ние како обични граѓани најмалку имаме право да се мешаме во тоа, затоа се политичарите поставени, избрани на власт, за да носат одлуки“, изјавија граѓаните за рубриката Хајд парк.
Еден национализам кој го поттикнаа од било кој причини, сега им се враќа како бумеранг. Што следува сега? Ќе се делиме? Следниот чекор е територијална поделба? Такво нешто само во литература звучи безболно, инаку тоа е нешто незамисливо, какви се последици може да има. Според мене ова што се случува е очајно, изби сиот национализам и македонскиот и албанскиот, па кај се другите заедници и тие се погодени.

Партиите на власт носат најголема одговорност за тоа какви се меѓуетничките односи во земјата, вели професор Мирјана Малеска. Но владејачката партија со пренагласената манифестација на македонскиот идентитет, со законот за бранителите без да се консултира со коалициониот партнер и со ред други настани предизвика контра-реакција кај албанска страна.

„ Еден национализам кој го поттикнаа од било кој причини, сега им се враќа како бумеранг. Што следува сега? Ќе се делиме? Следниот чекор е територијална поделба? Такво нешто само во литература звучи безболно, инаку тоа е нешто незамисливо, какви се последици може да има. Според мене ова што се случува е очајно, изби сиот национализам и македонскиот и албанскиот, па кај се другите заедници и тие се погодени.“

Албанските партиите поставуваат знамиња било каде , без вкус и без ред, а македонските партии реагираат на невкусен начин, ја враќаат историјата на поранешна Југославија кога еден ден се дозволуваше поставување на албански знаме, а другиот ден не, вели аналитичарот Алајдин Демири.

„Сето ова се прави во недостиг на политичко делување и го пренесуваат вниманието на граѓаните во друга насока, затоа што Македонија веќе влегува во криза.“

Страшно е што сега институциите и властите се прогласуваат за ненадлежни, вели професор Малеска.

„Сега не можат ништо да прават, сега и добро е што се прогласуваат за ненадлежни, затоа што веќе сме имаме едно насилно симнување на знамиња во Гостивар, што резултираше со жртви. Сега навистина ништо не можат да направат, ама зошто до овде ја доведоа работата. Срамота невидена“, вели професор Малеска.

Која е целта на поставување огромни знамиња? Погледнете го видото и коемнтирајте овде.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG