Достапни линкови

Албанците во Скопје го прославија денот на знамето


Албанците во Скопје ја одбележаа стогодишнината од Денот на знамето. Слични манифестации ќе бидат одржани и во Албанија и на Косово.

Во спортската сала „Борис Трајковски“ синоќа се одржа централната прослава по повод 100-годишнината од независноста на Албанија и албанското знаме. Пред присутните зборуваа лидерот на ДУИ Али Ахмети и вицепремиерот Муса Џафери. На прославата во Скопје присуствуваат и премиерите на Албанија и на Косово, Сали Бериша и Хашим Тачи. Слични манифестации наредните денови ќе се одржат во Косово и во Албанија.

Оваа манифестација се одржува по повод стогодишнината на албанското знаме, на албанската држава и ваква манифестација може да се види секаде каде што живеат Албанци. Ние сме во функција на прослава без инциденти. Тие не се добри за ниедна страна и ние ги осудуваме.
Претходно, со песни за Голема Албанија и за Косово, мирно и без инциденти помина „Маршот на орлите“, организиран од група средношколци од Скопје. Неколку стотици средношколци од албанска националност, со знамиња, маици и капи со симболот на албанското знаме попладнево маршираа од паркот во Чаир до новиот Споменик на орелот кој е поставен кај скопскиот Бит пазар. Денешниот мирен марш се оддржа во чест на стогодишнината на албанското знаме и држава.

Градоначалникот на Чаир Изет Меџити ги осуди зачестените инциденти со палење на македонски и албански знамиња.

„Оваа манифестација се одржува по повод стогодишнината на албанското знаме, на албанската држава и ваква манифестација може да се види секаде каде што живеат Албанци. Ние сме во функција на прослава без инциденти. Тие не се добри за ниедна страна и ние ги осудуваме“, изјави Меџити.

Време е за поголема будност, но и за сериозни испитувања на тоа кон што носат однесувањата кои не се ни наивни, ни случајни. Како да се разбере палењето на знаме на некоја институција или држава, претепување на невини граѓани во автобуси и на улица. Во овој момент би апелирал до сите кои се задолжени да го чуваат редот и да преземат мерки. И посетата на премиерот Груевски беше искористена за да го гаѓаат со јајца и шишиња. Дали и тоа е во чест на знамето на 100-годишнината од славењето.
Во текот на изминативе неколку дена евидентирани се неколку инциденти при што беа запалени албански и македонски знамиња. Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска вчера изјави дека секоја демонстрација и акт на насилство заслужува најостра осуда, а потоа и соодветна санкција согласно законот.

Осуда пристигна и од албанското Министерство за надворешни работи кое изрази жалење во врска со двата последни инциденти што завчера се случија во Тирана за време на посетата на македонскиот премиер Никола Груевски. Министерството се огради и ги осуди инцидентите кои како што е наведено во соопштението не придонесуваат во климата на билатералните односи, ниту, пак, се во духот на големата прослава на 100-годишнината од независноста на Албанија.

Во продолжение е наведно дека МНР гарантира дека надлежните институции преземаат мерки за расветлување на случајот и санкционирање на сторителите.

Завчера попладне автомобилот на премиерот Груевски беше погоден со јајце и пластична чаша, а во текот на ноќта беа запалени повеќе македонски знамиња, поставени на јарболи поради посетата на премиерот Никола Груевски на
Тирана.

За овој случај со коментар се јави и поглаварот на македонската православна црква г.г. Стефан. Тој на богослужбата во новата црква во скопската населба Аеродром ги искоментира и осуди последните инцидентите во изминативе денови.

„Време е за поголема будност, но и за сериозни испитувања на тоа кон што носат однесувањата кои не се ни наивни, ни случајни. Како да се разбере палењето на знаме на некоја институција или држава, претепување на невини граѓани во автобуси и на улица. Во овој момент би апелирал до сите кои се задолжени да го чуваат редот и да преземат мерки. И посетата на премиерот Груевски беше искористена за да го гаѓаат со јајца и шишиња. Дали и тоа е во чест на знамето на 100-годишнината од славењето.“

Потпретседателот на СДСМ Зоран Јовановски денеска изјави дека стогодишнината од создавањето на албанската држава е голем јубилеј и треба да се почитува.

„Она што за жал не се случи, владејачкaта коалиција не ја искористи шансата овој јубилеј да го искористи за сплотување на сите коишто живеат во Република Македонија. Таа шанса е пропуштена и како последица од таа пропуштена шанса сега ни се случува тоа што ни се случува“, вели Јовановски.

Вечерва на главната прослава која ќе се оддржи во салата Борис Трајковски ќе присуствуваат и претседателите на Косово и Албанија, Хашим Тачи и Сали Бериша. На гостите ќе им се обрати лидерот на ДУИ Али Ахмети. Предвидено е да се одржи културно-уметничка програма.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG