Достапни линкови

logo-print

Меѓуетнички тензии за политички поени


Архивска фотографија: Протести на Албанци во Скопје поради апсењата во полициската операција Монструм. 11 мај 2012.

Архивска фотографија: Протести на Албанци во Скопје поради апсењата во полициската операција Монструм. 11 мај 2012.

Секогаш, во секоја изборна предизборна кампања меѓуетничките односи служат за собирање политички поени кај едните или кај другите, вели Владо Димовски од Центарот за меѓуетничка толеранција.

Денеска 11, години по конфликтот во 2001, ние како да сме заборавиле што се случуваше и не знаме да ја согледаме новата реалност во земјава што се однесува до градењето на меѓуетничките односи, вели во интервју за Радио Слободна Европа, лидерот на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски.
Тоа е реалноста. Ние мора да се навикнеме да живееме со Албанците, ние мора да се однесуваме многу потолерантно, ние мора да знаеме дека секој споменик изграден на лажна приказна прави иритација кај Албанците и за жал не прави иритација само кај Албанците. Јас сметам дека ние ги изгубивме Торбешите, Македонците Муслимани, во моментот кога почнавме да ја раскажуваме приказната за античка Македонија, затоа што и тие се најдоа негде навредени во таа приказна.

Поранешниот премиер, кој во времето на својот мандат се држеше до тезата за размена на територии како решение за етничките судири, денеска порачува дека она што сега треба да се разбере е дека мора да научиме да живееме заедно и со Албанците, но и со сите останати етнички заедници во Македонија.
Тепачки меѓу Македонци и Албанци за црквата на скопското Кале на 13 февруари 2011 година.

Тепачки меѓу Македонци и Албанци за црквата на скопското Кале на 13 февруари 2011 година.


„Тоа е реалноста. Ние мора да се навикнеме да живееме со Албанците, ние мора да се однесуваме многу потолерантно, ние мора да знаеме дека секој споменик изграден на лажна приказна прави иритација кај Албанците и за жал не прави иритација само кај Албанците. Јас сметам дека ние ги изгубивме Торбешите, Македонците Муслимани, во моментот кога почнавме да ја раскажуваме приказната за античка Македонија, затоа што и тие се најдоа негде навредени во таа приказна“, вели Георгиевски во интервјуто што во целост ќе го емитуваме в недела.
Сè уште постојат зони или џебови на отпор коишто сакаат Македонија да ја вратат пред 2001 година, меѓутоа сепак сметам дека трендот е позитивен, работите се менуваат, само сите треба да ја сфатат таа нова реалност.

Денеска, за разлика од пред десетина години, меѓуетничките односи се во рацете не политичарите и служат за политичка пресметка, одржување на рејтингот или за манипулација, вели Владо Димовски од Центарот за меѓуетничка толеранција. Сите меѓуетнички судири што се случуваат во овој период се намерни, испровоцирани и контролирани, вели тој.

„Очекуваме дека ќе се влошат некаде во почетокот на 2013 година со почнувањето на засилените предизборни кампањи. Секогаш, во секоја изборна година или во секоја предизборна кампања меѓуетничките односи служат за поткусурување или за собирање политички поени кај едните или кај другите“, вели Димовски.

Напори за смирување на тензиите со меѓуетнички предзнак, како и интегрирање на заедниците, се сè уште само декларативни, додава Димовски, а наместо тоа се враќа национализмот.

Треба да се собере храброст и понекогаш да се жртвува и политичкиот рејтинг во име на позитивните меѓуетнички односи, упатува и натаму само политичка порака Бујар Османи од владината ДУИ, сепак одбегнувајќи да впери прст кон конкретни примери или актери.

„Сè уште постојат зони или џебови на отпор коишто сакаат Македонија да ја вратат пред 2001 година, меѓутоа сепак сметам дека трендот е позитивен, работите се менуваат, само сите треба да ја сфатат таа нова реалност, како што кажува господинот Георгиевски дека и тој ја сфатил како резултат на 2001 година“, вели Османи.

Од позиција на неговата партија, Османи вели дека нејзината политика е токму интегрирачка и се залага за претставување на мултиетничкиот карактер на државата во сите сегменти, па во тој контекст ги објаснува и сите потези кои партијата ги повлекува и во последниве месеци.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG