Достапни линкови

logo-print

Големите знамиња најкоментирани неделава


Различни одговори на прашањето која е целта на огромните знамиња што се поставуваат низ главниот град и насекаде во земјава?

Нашиот Хајд Парк има ново прашање: Која е целта на огромните знамиња што се поставуваат низ главниот град и насекаде во земјава? Зоран одговорил многу искрено и со познавање на психологијата на партиските умови и на умовите на нивните лидери: „Ги палат јавноста и медиумите со глупости. Сега нова играчка се знамињата, како големи патриоти и едните и другите. Кога веќе нема со што да се фалат владејачките партии, ајде, решиле ќе го палат народот со патриотизам, лажен, се разбира. Кога ќе се заостри ситуацијата, ќе седнат и ќе се договараат. Ако некоја зовриена глава во меѓувреме направи некоја глупост, никому ништо, колатерална штета во интерес на партиските рејтинзи“ - завршува Зоран од Скопје.
Споменик по споменик, знаме по знаме, отиде Македонија во историјата, ќе остане само споменик од Македонија!

И Трајко од Велес наведува и предупредува, во извесна смисла: „Споменик по споменик, знаме по знаме, отиде Македонија во историјата, ќе остане само споменик од Македонија!“.

Кога сме веќе кај спомениците и знамињата, нашата информација за прославата на Денот на албанското знаме испровоцирала неколку коментари, кои, исто така, за жал, ја покажуваат состојбата на умот кај граѓаните. Некој Орел, ама овој македонски, им порачува на медиумите дека премногу внимание обрнувале на прославата на, како што вели, знаме што не е државно заедно со лидери од соседството, и дека тој, иако пишува во множина „не нè интересира туѓо знаме“ и во умот, очигледно, веќе го поделил Скопје на два дела: „Нека слават таму во Чаир до Мавровка, наваму не сакаме да гледаме туѓо знаме“ - коментира слушателот потпишан со Орел, МК.

Анонимен исто така порачува дека поради фактот дека се слави 100-годишнината од државата Албанија и од албанското знаме, редно би било тоа да се слави во Албанија, а не во Македонија, плус, претседател на партија да ги кани претседателите на Косово и на Албанија во Скопје. Слушател, пак, кој му се обраќа на Анонимен одговара: „Додека во Македонија има луѓе што мислат како вас, вашата и мојата држава Македонија никогаш нема да има судбина. Јас сум роден во Македонија, татко ми и дедо ми, исто така, сме биле Албанци и кога Турците биле на овие простори, и Бугарите и Србите, па ќе ве преживееме и вас. Без Албанците ќе ја нема и Македонија“ - порачува овој слушател по малку заканувачки.

Хајд Парк - Која е целта на поставувањето огромни знамиња. Погледнете го видеото и коментирајте овде.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG