Достапни линкови

Труење на кучиња и овци во Орман


Илустрација.
Илустрација.

За краток временски период во охридското село Орман се отруени 26 кучиња. Жителите се жалат дека биле отруени и десетина овци.

Жителите на охридското село Орман се жалат на масовно труење на домашни кучиња како и на десетина овци во селото и тоа за краток временски период. Според мештаните, досега биле отруени вкупно 26 кучиња во селото во кое живеат само 23 постојани жители.
Кучето ми го отруја врзано. Дивина има, а не можеме кучињата да ги пуштиме поради отровите. Имаме мака што фрлаат отрови. Ни е страв и луѓе да поминуваат поради овие отрови. Овци ни се отруени, кучето ми го отруја и тоа врзано и ова не е еднаш туку многу пати се случило. И низ поле фрлаа отрови, кај ќе најдат таму фрлаат.
Муарем Ајка, овчар и жител на Орман.

Муарем Ајка, овчар и жител на Орман е револтиран од она што се случува, а како што вели никој не презема ништо.

„Кучето ми го отруја врзано. Дивина има, а не можеме кучињата да ги пуштиме поради отровите. Имаме мака што фрлаат отрови. Ни е страв и луѓе да поминуваат поради овие отрови. Овци ни се отруени, кучето ми го отруја и тоа врзано и ова не е еднаш туку многу пати се случило. И низ поле фрлаа отрови, кај ќе најдат таму фрлаат“, вели овчарот Муарем Ајка.

Екологистот Ванчо Стојаноски и поборник за заштита на животните вели дека кучињата се трујат со отров и оти првото труење било регистрирано пред неколку месеци.
Во селово имаме основани сомневање за одредени несовесни лица. Сиот овој случај со куп потписи на оштетени и неоштетени лица го пријавивме во полиција барајќи до крај да го истражи целиот случај бидејќи станува збор за нехуман гест
Ванчо Стојаноски, екологист.

„Отровите ги најдовме на средината на нивата од сопственикот на дворот на куќата десетина метра. Моето куче беше отруено 30-тина метри натака. Што е уште пострашно, само на неколку метри од патот ги најдовме отровите на хартија, а овде двајца наши соселани секој ден си ги шетаат. Само после неколку месеци, 50 метри подолу повторно најдовме отрови на хартија и уште едно куче кое беше отруено, за жал тоа беа две прекрасни кучиња златни ретривер“, вели Стојаноски.

Последниот случај со труење на кучиња се случил на 19 октомври кога биле отруени две расни кучиња. Жителите велат дека случајот со труењето на нивните кучиња го пријавиле и во полиција која излегле на лице место но оти за сега нема информации кој го прави ова.

„Во селово имаме основани сомневање за одредени несовесни лица. Сиот овој случај со куп потписи на оштетени и неоштетени лица го пријавивме во полиција барајќи до крај да го истражи целиот случај бидејќи станува збор за нехуман гест“, вели Стојаноски.

Од Јавното претпријатие Охридски комуналец велат дека тие досега немаат интервенирано во Орман и оти единствено интервенирале само во централното градско подрачје на Охрид. Кучињата се фаќаат и носат во кафезите во дирекцијата на ЈП, а потоа се пуштаат околу депонијата Буково, велат од Комуналец, кое е единствено јавно претпријатие кое располага со шинтерска служба.
XS
SM
MD
LG