Достапни линкови

Кучиња скитници го окупираа Тетово


Тетовци мака мачат да се справат со кучињата скитници, за кои велат дека од други градови се истовараат со камиони во Тетово.

Рано наутро или доцна навечер тогаш е периодот кога кучињата скитници им влеаваат најголем страв на тетовци. Се движат во глутници од по 10 - 20 кучиња кои лаат и бараат храна, реагираат граѓаните.
Од Скопје ги носат со камиони и ги пуштаат овде, од разни градови, навечер сведок сум бил сум видел.

Со кучињата скитници проблем имаат сите, но најмногу жителите од станбените населби, оние кои живеат во близина на православните и муслиманските гробишта, кај спортскиот центар во Тетово. Кучињата можат да се забележат насекаде низ градот, но најмногу ги има покрај депониите и ѓубриштата, па така опасноста од ширеење на болести е уште поголема, појаснуваат тетовци.

„Ги има низ градот, доста ги има.“

„Невидена опасност, шират зараза на секој чекор.“

„Од Скопје ги носат со камиони и ги
Ние имавме еден проект со ветеринарна станица, тие имаа таква дозвола со која може да ги згрижи кучињата, работиме со нив на некој начин да ги азилираме тие кучиња. Ние работиме, но често во градот ги носат од другите места, и тоа нарочита во Тетово, а ги носат и на Попова шапка.

пуштаат овде, од разни градови, навечер сведок сум бил сум видел.“

Тетовските локални власти кои се надлежни за згрижување на кучињата скитници, со ветување дека овој проблем наскоро ќе биде решен. Градоначалникот на Тетово Сади Беџети со иницијатива за решавање на овој проблем. За проектот кој би требало да се реализира во соработка со Ветеринарната станица од Тетово општината ќе издвои средства од буџетот.

„Тој проблем го наследив и работиме на тоа. Ние имавме еден проект со ветеринарна станица, тие имаа таква дозвола со која може да ги згрижи кучињата, работиме со нив на некој начин да ги азилираме тие кучиња. Ние работиме, но често во градот ги носат од другите места, и тоа нарочита во Тетово, а ги носат и на Попова шапка. “

Кучињата скитници не ретко и ги напаѓаат граѓаните, нанесувајќи им сериозни повреди. Центарот за јавно здравје Тетово има регистрирано над 100 лица кои биле каснати од куче скитник.

Кучињата скитници се се почеста појава по донесувањето на законот за благосостојба на животните во 2005 година, со кој се забранува нивна еутаназија. Со странска донација пред 6 години беа купени кафези наменети за стационар за кучиња скитници во кој се згрижија 400 кучиња. Проектот беше предвиден да продолжи И наредниот период но поради немање на финансиски средства, пропадна.
XS
SM
MD
LG