Достапни линкови

Прилепската дива депонија, извор на зараза


Дивата депонија во атарот на селото Алинци.

Дивата депонија во атарот на селото Алинци.

И покрај најавите дека во Прилеп ќе биде изградена современа, санитарна депонија, тоа не се случи. Сегашната дива депонија, извор на зараза.

Прилепската дива депонија лоцирана во атарот на селото Алинци и натаму е извор на зараза. Кучиња скитници и јата чавки секојдневно се собираат, пренесувајќи ја нечистотијата во градот. Континуирано се загадува земјиштето во околината, а со секој ветер непријатна миризба се шири на сите страни. Во депонијата секојдневно се транспортираат во просек по 90 тони отпад.
Прво ќе треба за санитарна депонија да правиме, да се сложи Министерството, како еден проект да го направи со Прилеп да отстапи од генерално, дека сите општини сам Прилеп да излезе, да се обиде и ако е добар да го прифатат, и другите сакаат заеднички неколку општини, сакаат сами. Немаме разговарано, меѓутоа правно ние не смееме сами.

„По новиот закон ние треба што повеќе да вратиме назад како комерцијален отпад, а што повеќе да депонираме. Колку бргу системот на селекција на отпадот го примениме и сиот тој корисен материјал како суровина за нареден материјал го продадеме, толку помалку отпад ќе остане на депонијата. Ако 50% се успее, тоа е таргетот за 2020 година, тоа е страшно добро, ако успее.“

И покрај најавите од изминативе неколку години дека во догледно време во Прилеп ќе биде изградена современа, санитарна депонија по европски стандарди во која ќе се рециклира отпадот и нема да ја загадува животната средина, тоа не се случи. А, од јавното претпријатие „Комуналец“ немаат ни точна информација кога ќе се реши овој проблем. Тие сепак подготвуваат сопствен проект за изградба на еко депонија.

Златко Ристески, директор на ЈП „Комуналец“ во Прилеп

„Првин ќе треба за санитарна депонија да правиме, да се сложи Министерството, како еден проект да го направи со Прилеп да отстапи од генерално, дека сите општини сам Прилеп да излезе, да се обиде и ако е добар да го прифатат, и другите сакаат заеднички неколку општини, сакаат сами. Немаме разговарано, меѓутоа правно ние не смееме сами“, изјави Златко Ристески, директор на ЈП „Комуналец“ од Прилеп.

Според првичните проценки, доколку ресорното Министерство би го поддржало проектот на прилепското комунално претпријатие, со негова реализација би се изградила помала депонија, на локација до старата, каде што ќе се собира отпадот само од Општината.
Студијата само од италијанците чинеше некаде само депонијата околу 12 милиони евра, беше проектирана за 600.000 метри кубни. Нашиот модел е многу поевтин.

„Студијата само од Италијанците чинеше некаде само депонијата околу 12 милиони евра, беше проектирана за 600.000 метри кубни. Нашиот модел е многу поевтин, проектиран ќе биде по 8 евра за метар кубен или по еден тон од 4 -5 евра.“

Проектот би чинел 5 милиони евра или за 7 милиони евра помалку во однос на проектот за изградба на регионална депонија за 9 општини. И за втората опција е подготвена физибилити студија од италијанската фирма Амниа, а се водат преговори и со австриската компанија Мут. Но, од прилепски Комуналец потенцираат со изградба на сопствена депонија ќе се постигне истиот еколошки ефект во складирање и реклицирање на отпадот, а финансиските трошоци кои секогаш паѓаат врз грбот на граѓаните ќе бидат многу помали.

Но, не само прилепската, во Македонија не е започната изградбата на ниту една депонија.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG