Достапни линкови

logo-print

Кучиња скитници го сардисаа центарот на Тетово


Илустрација.

Илустрација.

Тетовци се жалат дека целото централно градско подрачје е преполно со кучиња скитници.

Групи од по десетина кучиња скитници го окупираат тетовското централно подрачје. Граѓаните мака мачат со овие незгрижени животни кои ги има речиси насекаде. Сместени се по тротаорите, парковите, а слободно поминуваат и по пешачките премини. Освен што сеат страв меѓу тетовци, голем број од нив и напаѓаат, па нема ден некој да не се пожали дека бил преплашен, нападнат или каснат од нив. Тетовци, речиси сите со по некое негативно искуство со кучињата скитници, апелираат овој проблем што поскоро да се реши.
На сред плоштадот ме нападна глутница кучиња, ме соборија, ми нанесоа рани на нозете. Се лекував и од стрес што го добив зошто бев нападнат од кучињата, ненадејно ме фатија од позади над глуждовите.

„Голема глутница на кучиња што не се вакцинирани, се плашиме од беснило, треба да се преземат мерки.“

„Во последно време има многу кучиња скитници, ги има по тротоари, по контејнери, по улиците, особено навечер, ги напаѓаат и децата и жените.“
Марина Обрадиќ, заменик народен правобранител во Тетово.

Марина Обрадиќ, заменик народен правобранител во Тетово.


„На сред плоштадот ме нападна глутница кучиња, ме соборија, ми нанесоа рани на нозете. Се лекував и од стрес што го добив зошто бев нападнат од кучињата, ненадејно ме фатија од позади над глуждовите“, велат анкетираните граѓани.
Повеќе од граѓаните се жалат дека биле нападнати од агресивни кучиња и дека побарале лекарска помош.

Се поголем број тетовци во последно време спасот од кучињата скитници го гледаат во народниот правобранител. Според заменик-народниот правобранител од канцеларијата во Тетово, Марина Обрадиќ, граѓаните можат да ги тужат надлежните што не презеле ништо во врска со решавање на овој долгогодишен проблем.

„Повеќе од граѓаните се жалат дека биле нападнати од агресивни кучиња и дека побарале лекарска помош. Во подготовка се наши писмени барања до надлежните органи на општината, советот на општината и Јавното комунално претпријатие, кои секој во рамки на своите надлежности треба да преземе мерки за надминување на настанатата состојба“, изјава Обадиќ.

Во Центарот за јавно здравје во Тетово за 2011 година и првите три месеци од годинава регистрирани се 250 случаи на граѓани каснати од кучињата скитници. Бројката е поголема, велат од таму, со оглед дека дел од граѓаните за ваквите случаи не бараат помош од здравствените установи. Тие најчесто сами се лечат што е многу ризично по нивното здравје. Кучињата скитници се се почеста појава по донесувањето на Законот за благосостојба на животните во 2005 година, со кој се забранува еутанизација на кучињата скитници. Од тогаш ниту една локална власт во Тетово не успеа да го реши овој проблем.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG