Достапни линкови

logo-print

Генетика на кучињата - премиерно во Драмски


Генетика на кучињата.

Генетика на кучињата.

„Генетика на кучињата“, новото драмско дело на писателот Венко Андоновски, кое во среда, премиерно ќе биде изведено на сцената Драмски театар во Скопје. Режисер на проектот е Дејан Пројковски, а во претставата настапуваат Драган Спасов, Јелена Жугиќ, Филип Трајковиќ, Билјана Беличанец – Алексиќ, Драгана Левенска и други.

Ова е општествено ангажирана и натуралистичка драма која низ распадот на едно богато семејство дава дијагноза на суровостите на времето во кое живееме – вели Венко Андоновски за својот нов драмски текст „Генетика на кучињата“.
Се надевам дека не во многу далечно време ќе отидеме на некој фестивал како што е Единбург, каде никогаш не сме биле и ќе се вратиме со сите можни награди и како што спортистите ги пречекуваме на Триумфалната капија, македонската публика ќе не пречека и нас, оти ние сме најголемите амбасадори на една држава после спортистите.

„Анатомија на злото, анатомија на парите, посебно ме интересираше влијанието на врз телото и духот, на модерниот човек и ме интресираше колку тие пари како главен лик на некој начин во позадината можат да влијаат врз разчовечувањето на човека без тој, а и неговата околина без да биде свесен.“
Режисерот Дејан Пројковски и писателот Венко Андоновски.

Режисерот Дејан Пројковски и писателот Венко Андоновски.


Тој дополнува дека се работи за целосно негов изворен текст, а не римејк на „Господа Глембаеви“, иако во него од крлежината драма се позајмени имињата на двата главни лика - Игнат и Леоне, но и тие се ставени во поинакви, препознатливи македонски околности. Авторот потенцира дека неговата драма била само партитура која била надополнувана од умешноста на артистите.

„Оваа претстава е претстава на артистите пред се и сакам да кажам дека сум предзадоволен што ете колективно на некој начин го испишавме текстот на оваа претстава.“
Самата претстава зборува за губењето на човекото во човекот во еден процес што се нарекува транзиција, што го живееме сите веќе премногу долго и може да се каже дека станува општествен систем.

Драган Спасов – Дац, забележува дека ваквата добитна комбинација на текст, режисер и актери, создала претстава во која нема главен лик и дека секој од нив претставува засебна студија.

Јелена Жугиќ, пак, која во пиесата ја толкува Г-ѓа Ренате вели дека нејзиното лично интимно чувство е оти поновата македонска театарска уметност ќе се брои до и по „Генетика на кучињата“.

„Се надевам дека не во многу далечно време ќе отидеме на некој фестивал како што е Единбург, каде никогаш не сме биле и ќе се вратиме со сите можни награди и како што спортистите ги пречекуваме на Триумфалната капија, македонската публика ќе не пречека и нас, оти ние сме најголемите амбасадори на една држава после спортистите.“

Режисерот Пројковски навраќајќи се на темата на проектот потенцира дека самата претстава зборува за губењето на човечкото во процесот на транзиција.

„Самата претстава зборува за губењето на човекото во човекот во еден процес што се нарекува транзиција, што го живееме сите веќе премногу долго и може да се каже дека станува општествен систем.“

Во „Генетика на кучиња“ играат и Филип Трајковиќ, Билјана Беличанец – Алексиќ, Дејан Лилиќ, Драгана Левенска, Роберт Вељановски, Рубенс Муратовски, Зоран Љутков и други. Музиката е на Горан Трајковски, сценографијата на Владо Ѓорески, а костимите на Благој Мицески.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG