Достапни линкови

Власта не го слуша гласот на народот


Протести против поскапувањето на струјата, парното и горивата во Битола.

Протести против поскапувањето на струјата, парното и горивата во Битола.

Потребата на власта да организира контра протести и контра синдикати покажува дека таа има голем проблем со сопствената дисфункционалност, вели професoр Мирјана Најчевска.

Што е демократијата ако идеите се движат еднонасочно или наместо да протекуваат одозгора надолу, но и одоздола нагоре, тие се движат така што граѓаните немаат никакво влијание врз она што им се сервира од центрите на моќ, особено кога станува збор за нив непожелните идеи. Се создава атмосфера во која владеењето на народот се претвора во амбиент врз кој тој не може да влијае ниту може да го промовира сопствениот интерес.
За изразување на волјата сме слободни, но за промена не верувам дека би можеле да придонесеме. Мислам дека тоа го прават големите политики, а не народот. Народот се користи повеќе за поени, други ја имаат моќта.

Граѓаните што ги анкетиравме не се чувствуваат моќни да сменат ништо за подобрување на сопствената живеачка, зашто, како што велат, други одозгора ги кројат сите планови, а тие им служат само за собирање политички поени.
Протест на лекарите во Клиничкиот центар во Скопје.

Протест на лекарите во Клиничкиот центар во Скопје.


„За изразување на волјата сме слободни, но за промена не верувам дека би можеле да придонесеме. Мислам дека тоа го прават големите политики, а не народот. Народот се користи повеќе за поени, други ја имаат моќта.“

„Се користи како еден параван. Големите стојат зад народот и го користат за политички поени.“
Секоја власт ја има во раце моќта, парите и организацијата. Да има таква потреба јавно да создава структури што ќе ја поддржат, тоа значи дека има голем проблем со сопствената дисфункционалност.

„По мое, сè е режирано пред време“, велат анкетираните граѓани.

Единствен начин на кој луѓето можат да го искажат своето незадоволство се протестите, вели професор Мирјана Најчевска, но тоа е последната алатка за остварување на интересите.

„Постоењето на протести и штрајкови покажува дека не функционира ниту еден друг дел од системот на демократијата. Не постојат канали, каналите се загушени.“
Протест против полициска бруталност во Скопје организиран на повик на братот на убиениот Мартин Нешкоски, Александар на 29 септември 2011 година.

Протест против полициска бруталност во Скопје организиран на повик на братот на убиениот Мартин Нешкоски, Александар на 29 септември 2011 година.


Изникнувањето на контра-протести или паралелни синдикати е ништо друго освен погрешно именување на самите овие појави, додава Најчевска, зашто постојат само протести и синдикати и од другата страна поддржувачи на власта кои таа ги анимира за да ја промовираат нејзината политика.

​„Секоја власт ја има во раце моќта, парите и организацијата. Да има таква потреба јавно да создава структури што ќе ја поддржат, тоа значи дека има голем проблем со сопствената дисфункционалност“, додава Најчевска.

Тоа, пак, покажува дека власта не знае да ја практикува власта и да управува со своите механизми за да ја раководи државата, што е полошо од секој тоталитаризам, вели Најчевска, зашто сето ова води кон хаос и не овозможува воспоставување на основни демократски темели за функционирањето на државата.

Сето тоа спакувано во обезбедената форма на демократско претставување преку медиумите по чија слобода власта посегна токму од тие причини, вели Џелал Хоџиќ од граѓанската иницијатива АМАН.

„Повеќе прво се фокусираа да удрат по слободните медиуми за да може сето тоа да помине“, вели Хоџиќ.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG