Достапни линкови

Без демократија нема успех на граѓанските иницијативи


Архивска фотографија: Протести против поскапувањето на струјата, парното и горивата во Битола
Архивска фотографија: Протести против поскапувањето на струјата, парното и горивата во Битола

И кога граѓанските иницијативи се во право, проблем претставува реакцијата на надлежните институци.

Во Македонија има успешни граѓански иницијативи, но проблем претставува реакцијата на надлежните институции по воочувањето на дупки во законите и одредени недоследности, сметаат активистите и познавачите.
Успехот досега на граѓанската иницијатива АМАН е тоа што Хелсиншкиот комитет по наша иницијатива бараше и најде неправилности во работењето на Регулаторната комисија.
Џелал Хоџиќ, граѓанска иницијатива АМАН.

Џелал Хоџиќ од граѓанската иницијатива АМАН вели дека движењата во земјава имаат постигнато успеси.

„Успехот досега на граѓанската иницијатива АМАН е тоа што Хелсиншкиот комитет по наша иницијатива бараше и најде неправилности во работењето на Регулаторната комисија за енергетика и дури и тие во еден допис до Хелсиншки признаа дека имало нерегуларности.“

Цел на иницијативите е да се детектираат општествените проблеми, вели Џоџиќ.

„Без разлика на темата на иницијативата, институциите се тие кои треба да ги спроведуваат законите и да овозможат услови за подобар живот на граѓаните.“

Отсуството на реакција не е показател за успешноста на иницијативите, туку негативен показател за нивото на демократија на кое се наоѓа Македонија моментално.
Мирјана Најчевска, универзитетски професор, активист за човекови права.
РСЕ: Се случува тоа?

„Па за жал во Македонија во последно време не се случува“, вели Хоџиќ.

Успешноста на граѓанските движења во демократско општество се мери со постигнатите промени и ефекти, вели активистот за човекови права, професор Мирјана Најчевска.

„Меѓутоа, во Македонија во услови кога власта едноставно не само што нема слух, туку не чувствува воопшто потреба да реагира врз основа на укажаните проблеми или поставените прашања или поставените барања. Успешноста на овие иницијативи никако не можеме да ја измериме.“

Во овој случај може да се мери нивото на демократија во нашата држава, додава Најчевска.

„Отсуството на одговор, отсуството на реакција, не е показател за успешноста на иницијативите, туку негативен показател за нивото на демократија на кое се наоѓа Македонија моментално.“

За подобрување на демократската атмосфера, според Најчевска, потребни се помасовни и поорганизирани граѓански инцијативи.
XS
SM
MD
LG