Достапни линкови

Граѓанските иницијативи соочени со политизација и апатија


Зошто на протестите во земјава има мал одѕив од граѓаните, иако голем дел од нив се согласуваат со целите и барањата од протестите?

Политички етикетирања, дискредитација, контра-протести за дефокусирање од темата на протестите, законски притисоци, но и недостиг од солидарност и немање протестна култура. Учесниците на синоќешната јавна дебата на тема „Протестирам, значи постојам“ што се одржа во Мала станица во Скопје меѓу другото се обидоа да ги лоцираат клучните причини за тоа зошто на протестите што се организираат во земјава има мал одѕив од граѓаните, иако голем дел од нив се согласуваат со целите и барањата од протестите.
Ако ве турка и клоца полицаец, јас мислам дека тука нема демократија, ако командирот вели газете ги, не ги есапете додека одиме по улица, јас мислам дека нема демократија.

Како најдобар пример за тоа ги посочија протестите на граѓанската иницијатива АМАН против поскапувањето на струјата, парното и горивата. Иако, најголем дел од граѓаните ги поддржуваат барањата на АМАН, на протестите обично има по неколку стотини луѓе.
Гневен возач се расправа со стечајците кои ја блокираат улицата пред Собранието на 10 јуни 2010 година.

Гневен возач се расправа со стечајците кои ја блокираат улицата пред Собранието на 10 јуни 2010 година.


Љиљана Георгиевска од здружението на стечајци УНИТ од Куманово вели дека се соочуваат со големи притисоци. Таа раскажува дека добила прекршочни пријави за гласно викање за време на протестите, за немање редарска служба, иако, според неа, имало, како и за фрлање јајца кон спомениците.
Тие луѓе кои се многу активни во ваквите неформални движења, следната цел им е да станат новите директорчиња во Агенцијата за млади и спорт, новите млади министри и заменици-министри. Такви луѓе не ни требаат, тие луѓе повеќе штетат одколку што им користат на движењата коишто сакаат да станат автентични.

„Ако ве турка и клоца полицаец, јас мислам дека тука нема демократија, ако командирот вели газете ги, не ги есапете додека одиме по улица, јас мислам дека нема демократија“, вели Георгиевска.

Професор Здравко Савески, член на левичарското движење Солидарност, наведува дека, поради етикетирањата, луѓето се плашат да излезат на протест, но вели дека и граѓаните сносат дел од вината.
Протестите против полициска бруталност во Скопје на 10 јуни 2011 година.

Протестите против полициска бруталност во Скопје на 10 јуни 2011 година.


„Ако помал број на луѓе излезат на протести, они што веќе излегле ќе бидат демотивирани да дојдат на следниот протест. Тоа значи дека на следниот протест ќе има помалку луѓе. Ако помал број луѓе излегуваат на протестите, тогаш и организаторите се дестиумулираат и полека протестот замира“, вели Савески.
Сè додека вие го напаѓате формалниот невладин сектор во исто време кога ги напаѓа власта, тогаш сте сојузници со власта, а сте против народот. Извинете, ама ја вршите работата на власта.

Димитар Апасиев од Движењето за социјална правда Ленка, пак, го впери прстот во невладините организации како една од причините за умртвување на граѓанскиот активизам.

„Тие луѓе кои се многу активни во ваквите неформални движења, следната цел им е да станат новите директорчиња во Агенцијата за млади и спорт, новите млади министри и заменици-министри. Такви луѓе не ни требаат, тие луѓе повеќе штетат одколку што им користат на движењата коишто сакаат да станат автентични“, вели Апасиев.

На тоа остро се спротивставија дел од учесниците на трибината. Џелал Хоџиќ од граѓанската иницијатива АМАН вели дека секоја поделба им штети на граѓанските иницијативи.

„Моментот кога некој се обидува да подели кого било од граѓанските иницијативи е продолжување на делењето на граѓанските иницијативи, а таа поделба ѝ штети на самата иницијатива. Се бара моделот кој не обединува. Ако мене и стечајците не обединува тоа што не можеме да ја платиме струјата, треба и стечајците да дојдат“, вели Хоџиќ.

Петрит Сарачини од невладиниот сектор, кој е активен ученик на протестите на АМАН, пак, оди уште понатаму. Според него, ваквите тези одат во прилог на владата која се обидува да ги уништи сите граѓански инцијативи.

„Сè додека вие го напаѓате формалниот невладин сектор во исто време кога ги напаѓа власта, тогаш сте сојузници со власта, а сте против народот. Извинете, ама ја вршите работата на власта“, вели Сарачини.

Дебатата се одржа во рамките на отворањето на изложбата на Сашо Станојковиќ под наслов „Простор за протест“. Изложбата е базирана врз истоимениот истражувачки, интердисциплинарен и партиципативен проект во кој главните учесници беа стечајните работници.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG