Достапни линкови

Прилепски „АМАН“ ќе ги тужи Регулаторна и ЕВН


Macedonia-Activists of Civil Society Amman from Prilep. Amman protest against rise in prices of electricity, heating and fuel.
Macedonia-Activists of Civil Society Amman from Prilep. Amman protest against rise in prices of electricity, heating and fuel.

Активистите ќе поднесат тужба против Регулаторната комисија за енергетика и ЕВН поради незаконското покачување на цената на струјата, исклучување на евтината дневна тарифа и воведување на давачка за моќност од 33 отсто.

Прилепските активисти на „АМАН“ ќе ја тужат Регулаторната комисија и ЕВН со обвинување за нивно бесправно богатење, поради според нив незаконското покачување на цената на струјата, исклучување на евтината дневна тарифа и воведување на давачка за моќност од 33 отсто. Веќе 70-мина од нив се потпишале на тужбата, со која ќе бараат исплата на отштета.
Ќе бидат големи побарувањата, 5 години наназад ќе се бара повраток на средствата, ќе се бара тотално укинување и ќе бараме одговорност од некого што ја вовел таа додадена моќност од 33 отсто за нешто што не добиваме.
Влатко Ристески, граѓанско здружение АМАН-Прилеп.

„Ќе бидат големи побарувањата, 5 години наназад ќе се бара повраток на средствата, ќе се бара тотално укинување и ќе бараме одговорност од некого што ја вовел таа додадена моќност од 33 отсто за нешто што не добиваме. Ние моментално на подрачјето на Република Македонија 70% имаме струја со напон од 125 волти, каде што имаме и веќе е пуштено на интернет, каде што мериме дека има 120 волти“, вели Влатко Ристески, еден од активистите на оваа граѓанско здружение.

Тие најавуваат дека ќе поднесат неколку тужби со по 10-ина граѓани, кои ќе бараат како што велат заштита и остварување на своите граѓански права. Упатуваат апел до Основниот суд во Прилеп, каде ќе ја достават тужбата, за донесување на брза, праведна и законита пресуда.

„Апелираме до прилепскиот суд и до судиите за максимално почитување на правото, сакаме реална пресудата да биди и да биди непристрасна. Јас мислам дека во оваа наша тужба немаме проблем према никоја партија, немаме проблем према државата, ние само сакаме да се свести граѓанинот“, додава Ристески.
Јас лично се приклучив на оваа иницијатива, затоа што ме боли, примањата ми се ниски, а струјата оди нагоре, барам да се намали струјата, да се врати ефтината тарифа и да се укини 33 отсто моќност.
Анкетиран граѓанин.

Активистите се жалат дека живеат со скромни пензии, некои со минимална социјална помош или само со дневници од надничарска, амалска работа како што велат, па немаат пари ниту леб да си купат, а не само нови давачки и поскапување на струјата во пресрет на зимата, која и според најавите на метеоролозите ќе биде мошне студена.

„Јас лично се приклучив на оваа иницијатива, затоа што ме боли, примањата ми се ниски, а струјата оди нагоре, барам да се намали струјата, да се врати ефтината тарифа и да се укини 33 отсто моќност“, вели Горан Базеркоски.

Прилепските активисти потенцираат дека нивните протести не се насочени против ниту една политичка партија, ниту против власта. Велат тие само бараа остварување на своите граѓански права во држава која претендира да стане членка на Европската Унија, каде демократијата треба да биде на високо ниво. Паралелно ги повикуваат и граѓаните од другите градови во Македонија, да го следат нивниот пример. Цврсто уверени дека судењето ќе има исход во нивна полза, па велат парите што ќе ги добијат ќе ги искористат за поднесување тужби од сите граѓани.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG