Достапни линкови

logo-print

„ТК ТАК Фест“ во Кавадарци во спомен на Трајко Каров


Последниот настап на Трајко Каров.

Последниот настап на Трајко Каров.

Со учество на значајни имиња од македонската сцена и бендови кои допрва доаѓаат, на 29 и 30 јуни, на Градскиот стадион во Кавадарци ќе се одржи првиот „ТК-ТАК ФЕСТ“ посветен на починатиот рок музичар, тапанар и композитор Трајко Каров.

„Автограм“, „Триангл“, Мики Јовановски Џафер, „Зијан“, „Трн во око“, „Пу“, „Токму така“, „Бодигардс“, „Младост“, Александра Пилева и Бени Шаќири се само некои од имињата на долгата листа учесници кои ќе се искачат на бината на Градскиот стадион во Кавадарци на првата вечер на „ТК-ТАК ФЕСТ“ на која е планирано да се претстават музичари кои свиреле или во одредено време соработувале со Трајко Каров, човекот чиј живот без било каква задршка беше рокенрол.
Тик-Так е отчукувањето на метрономот, а метрономот е основата на секој ритам. Трајко беше бубњар, ТК се и неговите иницијали, така што многу симболика и многу работи се поклопија во овој наслов.

Љупчо Бубо Каров, братот на починатиот тапанар и композитор кој за оваа пригода ги реобнови своите „Токму така“ а ќе настапи и со „Дуо-трио“, вели дека името на фестивалот е во дослух со кавадаречкиот дијалект и дека во него има многу симболика.
Трајко Каров на сцена.

Трајко Каров на сцена.


„Тик-Так е отчукувањето на метрономот, а метрономот е основата на секој ритам. Трајко беше бубњар, ТК се и неговите иницијали, така што многу симболика и многу работи се поклопија во овој наслов.“
Тој обедини 4-5 генерации со активно свирење, од времето на раните 70-години, првата група Младост, па неговите денови во Битола во Мадригали, во Трн во око, па неговото доаѓање во Скопје, во бендовите Триангл, Автограм. Едноставно, кога ќе седнеше на тапаните сè звучеше различно.

Венко Серафимовски, некогашниот гитарист на легендарните „Конкорд“, „Бодигардс“ и човек кој сега ги предводи „Парпл Цепелин“ и супер групата „Тоа е тоа“, од позиција на уметнички директор на фестивалот и близок соработник на Трајко Каров, забележува дека тој бил симбол за свирење во состав, бидејќи тоа за него било како живот во една фамилија.

„Тој обедини 4-5 генерации со активно свирење, од времето на раните 70-години, првата група Младост, па неговите денови во Битола во Мадригали, во Трн во око, па неговото доаѓање во Скопје, во бендовите Триангл, Автограм. Едноставно, кога ќе седнеше на тапаните сè звучеше различно.“

Серафимовски дополнува дека „Багаж“, последниот проект на легендарниот музичар, бил всушност неговата заложба помладите музичари од регионот да ги доведе на поголема сцена и во вистинското светло да и ги претстави на македонската публика.

Од таму, повеќе од разбирливо е што втората фестивалска вечер ќе им биде посветена на оние кои допрва доаѓаат. За таа цел, организаторите, Домот на култура „Иван Мазов – Климе“ и локалната самоуправа, распишаа конкурс и од бројните пријави за настап селектираа осум групи кои ќе се борат за наградите што ги обезбедија, а семејството Карови на најдобриот тапанар ќе му подари комплет тапани.

Првото издание на „ТК-ТАК ФЕСТ“ ќе кулминира со концерт на „Суперхикс“, а уште од сега не се кријат амбициите манифестацијата да прерасне во големо летно субкултурно случување што би ги анимирало музичарите од регионов.

Инаку, влезот на фестивалот е слободен, а за гостите се обезбедени бесплатен паркинг и место за кампување во Градскиот парк.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG