Достапни линкови

„Скопје гори“ ќе го гаснат хип-хоп и електронска музика


Американскиот хип-хоп состав „Паблик енеми“.

Американскиот хип-хоп состав „Паблик енеми“.

Легендарниот американски хип-хоп состав „Паблик енеми“ и култното британско електродуо „Орбитал“ се главните ѕвезди на годинешното издание на летниот фестивал „Скопје гори“.

Со „Орбитал“ и „Паблик енеми“ како најзвучни имиња, фестивалот „Скопје гори“ не е само воведниот туку и еден од најзначајните музички проекти што ги потпишува „Авалон продукција“ годинава во Македонија. Ова подразбира дека обете групи со години наназад имаат свои верни армии на обожаватели кај нас, а згора на тоа и нови изданија со кои штотуку ги започнаа и промотивните активности ширум светот.
Мислам дека Македонија во изминативе неколку години на духовно и на културно ниво е на дното и едноставно тоа ни беше некоја ѕвезда водилка. Сметавме дека ако сега и ние кренеме раце дека апсолутно ништо нема да се случува во државата и поради тоа решивме да го правиме фестивалот.

„Орбитал“, како едни од најзначајните претставници на електронскиот звук во изминативе две декади, на почетокот од април годинава го објавија својот осми албум „Wonky“ за кој критичарите веднаш оценија дека е „блескаво враќање на врвот“, а браќата Фил и Пол Хартнол одговорија со серија пеформанси на фестивали како „T-in the Park“, „Rock Coast Festival“...и по прв пат на просторот на поранешна Југославија – на „Скопје гори“ и „Белград повикува“, обата во организација на македонската промотерска куќа.
Орбитал.

Орбитал.


„Паблик енеми“, родоначелниците на хипхопот, пак, за прв пат ќе ги имаме на некоја од нашите сцени токму во моментите кога го започнаа одбележувањето на 25 годишнината од постоењето и кога се со намера по тој повод да публикуваат две нови објави. Албумот „Most of My Heroes Still Dont Appear On No Stamp“ е планиран за објавување летово, а „The Evil Empire Of Everything“ е најавено дека ќе биде пуштен во продажба наесен. Како и да е, и не само за љубителите на рап музиката туку и воопшто за сите самомислечки луѓе, ова ќе биде убава можност да видат зошто влијателниот американски магазин „Ролинг стоун“ - Чак Ди и неговите пајташи ги стави на листата „100 најдобри бендови на сите времиња“.

Покрај споменативе, на листата на изведувачи на „Скопје гори 2012“ се и легендарниот српски рокенрол-бенд „Партибрејкерс“, „Подземен ефект“ од Куманово и скопската рап-групација „Легијата“ кои од неодамна се повторно актуелни со изданието „Деценија“.

„Мислам дека Македонија во изминативе неколку години на духовно и на културно ниво е на дното и едноставно тоа ни беше некоја ѕвезда водилка. Сметавме дека ако сега и ние кренеме раце дека апсолутно ништо нема да се случува во државата и поради тоа решивме да го правиме фестивалот“, вели Бобан Милошевски од „Авалон продукција“.

Тој дополнува дека за нив особено важни се и преостанатите два големи концерти што ги организираат - „Дјуран, Дјуран“ на 7 јули на отворената сцена на скопско „Кале“ и Лени Кравиц на 2 октомври во спортскиот комплекс „Борис Трајковски“.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG