Достапни линкови

logo-print

Скопје со концерт ги слави Битлси


Во Македонија по првпат се одбележува Светскиот ден на БИТЛСИ – составот што ја смени историјата на 20 век и чија музика е пратена како планетарна порака до другите цивилизации.

Насловен по една од класичните песни на Ленон и Макартни – All You Need Is Love и на Скопје конечно му се случи концерт со кој се одбележува интернационалниот Ден на БИТЛСИ, составот што го смени лицето на популарната култура и ја постави рок музиката на пиедестал на главно уметничко движење на младите генерации на 20 век.
Тие тогаш толку добро ги исполнуваа композициите на тогаш неприкосновените Битлси, што јас бев запрепастен и во нашите чести средби и разговори се обидував да им го наметнам размисувањето на тоа како Битлсите создале своја музика, можеме ли ние, од каде да тргнеме, што да направиме, каде би бил нашиот избор.

На Школка во Градски Парк, во моментите кога се прославува 50 годишнината од настаните со кои започна ковањето на митот за ливерпулската четворка – снимањето на првите песни, почетокот на соработката со менаџерот Брајан Епштајн, настапите во Хамбург, седнувањето на Ринго Стар зад тапаните, договорот со дискографската куќа ЕМИ, првиот синг со Love Me Do и P.S. I Love You..., дузина наши музичари и групи како ЉУБОЈНА, Тони Китановски трио, АМОН МРА БЕНД, Александра Пилева и други ги свиреа нивните генерациски химни. Ова несомнено ја изнедри и потребата за согледба на влијанието на „битлманијата“ врз некогашна и денешна урбана Македонија.
Битлси, 1964.

Битлси, 1964.


Професор Јане Коџабашија, вели дека влијанието на БИТЛСИ врз она што денес се нарекува историја на современата македонска музика било огромно. Тој забележува дека БИС-БЕЗ, составот со кој заедно ја потпишаа „Дал да плачам ил да пеам“ како темелна песна на автентичниот македонски рокенрол, звучел исто толку моќно како и мнозина од Островот.
Без Битлси ќе бевме многу сиромашни, вака се чуствуваме исполнети, богати, затоа што имавме од кого да учиме и навистина многу научивме.

„Тие тогаш толку добро ги исполнуваа композициите на тогаш неприкосновените Битлси, што јас бев запрепастен и во нашите чести средби и разговори се обидував да им го наметнам размисувањето на тоа како Битлсите создале своја музика, можеме ли ние, од каде да тргнеме, што да направиме, каде би бил нашиот избор.“

Со слична мисла е и Зорица Попанкова, „македонската Џенис Џоплин“ и авторката на книгата „Ние“ која фрла многу светлина на настаните и личностите кои твореле во клучните 1960/70 кај нас.
Остана една трајна вредност до денешни дни, уште повеќе што еден од нив Џон Ленон претставува една икона на бунтот, на отпорот- Умри млад и биди убав леш.

„Без Битлси ќе бевме многу сиромашни, вака се чуствуваме исполнети, богати, затоа што имавме од кого да учиме и навистина многу научивме.“

Љубиша Никодиновски Биш, во креирањето на својот понтонски мост со младоста, за бунтот кој се раѓал и канализирал кај неговата генерација и ја определил да биде опозит на сето она што дотогаш се поимало како култура, забележува дека се „виновни“ токму плочите на БИТЛСИ.

„Остана една трајна вредност до денешни дни, уште повеќе што еден од нив Џон Ленон претставува една икона на бунтот, на отпорот- Умри млад и биди убав леш.“

Венко Серафимов, истакнува дека растел со музиките на ЛЕД ЦЕПЕЛИН, ДИП ПАРПЛ и претставниците на блуз-рокот, но дека како „вјерују“ го има токму делото на Ленон, Макартни, Харисон и Стар.

„Тоа се големи артисти кои биле свесни за својот талент и за влијанието што го направиле, на секого, па дури и на оние луѓе кои на некој нивен опозит, затоа што ако ги немаш Битлси на некој начин ги немаш ни Ролинг Стоунс.“

И, конечно Бранислав Николов, пејачот на групата ФОЛТИН, потенцира дека и во нивното творештво силно се чувствува ехото на музиката на најзначајната група во историјата на популарната музика.

„Во однос на нивното влијание директно кај нас би кажал дека е веројатно е интуитивно, не и директно, но со сигурност големо.“
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG