Достапни линкови

Изложба на филигран „Оро-Рок“


Изложба на филигран ОРО-РОК
Изложба на филигран ОРО-РОК

ОРО-РОК е насловена изложбата на филигран на уметницата и етнолог Марија Милошевска во салонот на Културно информативен центар во Скопје.

Спојот на филигранот со музиката од екс-југословенските простори е во најмала рака необичен. Некои од изложените парчиња буквално создаваат музика, ѕвецкаат, треперат или тропаат, но тие се пред се лично опредметено толкување на зборовите на секоја одбрана песна – материјализирана поезија. Оние кои исто колку и Марија се соживеани со нив, како спомен од младоста или како сегашност, веднаш ќе ги преведат формите и боите на накитот во добро познатите , антологиски стихови.
Ова, меѓу другото, ќе го забележи Илина Јакимовска во текстот насловен
Ова е една моја лична потреба да се изразам некако како уметник, како тоа што го работам. ,,Оро“ се вика мојата работилница, а рок е музиката што мене ме инспирира.
како РОКЕНРОЛ ЕТНОЛОГИЈА или Филигранските плочници на Марија, поместен во богато опремениот каталог за изложбата ОРО-РОК со поднаслов Ладна жица стопена во жежок ритам на уметницата и етнолог Марија Милошевска.

„Ова е една моја лична потреба да се изразам некако како уметник, како тоа што го работам. Оро се вика мојата работилница, а рок е музиката што мене ме инспирира.“


Изложбата претставува приказ на уникатни примероци на накит и инсталации изработени во комбинација со традиционалниот филигран и нови иновативни техники. Секој од екпонатите е поврзан со одредени стихови од песна која што била инспирација за уметницата и претставува нивно материјализирање преку автентичното творештво. Поставката е надополнета со фотографии печатени на големи сликарски платна каде
Делото повеќе асоцира на песната и да биде една комплетна слика на тоа што сакам јас да го кажам.
експонатите се презентирани од авторите и изведувачите на музиката како АЗРА, ХАУСТОР, МИЗАР, АРХАНГЕЛ, ДИСЦИПЛИНА КИЧМЕ, ЛЕБ И СОЛ и други, или во контекст на нивните дела.

„Буквално не ми ни паднало на памет дека еден ден би можела барем пет минути да застанам до нив, да поразговарам, да им објаснам нешто за себе, обично луѓе бараат автограм и слика со нив, јас само барам да се сликаат со моето дело. Делото повеќе асоцира на песната и да биде една комплетна слика на тоа што сакам јас да го кажам.“

Инаку, Марија Милошевска со уметнички дизајн на накит се занимава од 2005 година. Досега има учествувано на повеќе групни изложби како Уметност во минијатура, 14-то Биенале на младите уметници од Европа и од Медитеранот, а ОРО-РОК е нејзина прва самостојна поставка која може да се проследи до 12 овој месец и за која има покани за претставување во Белград, Загреб и во другите центри во земјите од поранешна Југославија.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG