Достапни линкови

Политичарите разгоруваат, граѓаните бараат смиреност


Протести на Албанците против полициската операција Монструм.

Протести на Албанците против полициската операција Монструм.

Политичките партии се оние кои ги разгоруваат меѓуетничките тензии кај граѓаните, кои, пак, велат дека се за намалување на тензиите и за соживот.

Политичките партии се оние кои ги разгоруваат меѓуетничките односи кај граѓаните, како резултат на билдањето на национализам за добивање на поени, велат експертите. Затоа сме доведени во ситуација по убиството кај Смиљковското Езеро да зовријат страстите на етнички план.
Не треба такво нешто да се случува во нашата држава, сите сме исти и тие протести не требаат, не треба да се врши тензија.

Во изминатите недели се организираа протести на Албанци, па контра-протести на Македонци. Протестите не запираат и најавено е дека ќе продолжат и утре. Но, граѓаните кои ги анкетиравме во рубриката Хајд Парк велат дека тие не се најдоброто решение и треба да прекинат поделбите.

„Не смее да надвладее мислењето дека ние сме од една вера, од друга, дека сме Македoнци или Албанци.“

„Не треба такво нешто да се случува во нашата држава, сите сме исти и тие протести не требаат, не треба да се врши тензија.“

„На никому ова не му користи, може да изгубиме сите без разлика на вера.“

Протести на Албанци, па контрапротести на Македонци, зовриени страсти. Што треба да се направи да се смират меѓуетничките тензии во земјава? Погледнете го видеото и коментирајте овде.
Професор Мирјана Малеска вели дека политичките партии секогаш играле на картата на национализам, но време е и тие како граѓаните да се освестат.

„Тоа се покажува во анализите за време на претходните изборни периоди и во меѓуизборните периоди. Така што од политичките партии очигледно во овој момент не може да се очекува нешто друго. Освен еден ваков шок што го доживеавме со убиството евентуално тој вид на стрес може целото општество да го освести, па и политичките партии“, вели Малеска.
Да се зголеми довербата кај институциите на власта, дека се непристрасни, дека нема да злоупотребаат или монтираат и дека од друга страна се ефикасни.

Според граѓаните, треба најпрвин политичките партии, па потоа сите други да се соединат за да се смират тензиите.

„Разговори меѓу партиите да ги поттикнат граѓаните преку мирни протести да го изразат својот глас.“

„За да се смири ситуацијата, треба сите да вложат труд и политичките партии и грѓаните.“

„За да се смири треба прво полиитчките партии да се соединат, па потоа владата, граѓаните.“

Малеска додава дека причината за зголемување на тензиите е недовербата во институциите на власта.

„Да се зголеми довербата кај институциите на власта, дека се непристрасни, дека нема да злоупотребаат или монтираат и дека од друга страна се ефикасни“, додава таа.

Според експертите, не е важно кој стои зад протестите, иако тие мораат да имаат некој организатор, туку позитивно е тоа што нема хомогенизација, односно и кај Албаниците и кај Македонците има граѓани кои не ги одобруваат. Најважно е што општеството успева да се одржи на нозе и да избегне поголеми инциденти.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG