Достапни линкови

Контра-протести на стотина луѓе


Стотина млади и малолетни луѓе протестираа пред Владата против ширење на радикалниот ислам во земјата.

Со фашистички поздрави со рака крената нагоре и извици „чиста Македонија“, стотина млади и малолетни луѓе протестираа пред Владата. Се оргaнизирале преку социјалните мрежи за да протестираат против ширење на радикалниот ислам во земјата. Денешниот протест беше контрапротест на оној од вчера на Албанците.
Како што тие што ги штитат убијците може да се организираат, може и ние да се организираме, зошто утре може да бидат наши деца, утре може и ние да бидеме, значи тоа беа млади луѓе.

Демонстрантите беа со прикриени лица со маички, марами или со капи и не даваа новинарите да ги снимаат. Луѓето кои протестираа не носеа транспаренти, освен по некоe македонско знаме. Неколкуте возрасни кои беа присутни им забрануваа да даваат изјави. Сепак, пред протестот еден од демoнстрaнтите ни изјава:

„Како што тие што ги штитат убијците може да се организираат, може и ние да се организираме, зашто утре може да бидат наши деца, утре може и ние да бидеме, значи тоа беа млади луѓе.“

Освен револт кон новинарите, демонстранитите ги исвиркуваа и полицајците. Полицијата им го ограничи пристапот на новинарите, па тие мораа да снимаат од подалеку. Дел од оние кои дошле да протестираат не се доближија до владата останаа понастрана пред зградите наспроти владата. Не помогнаа и повиците „Соберете се Македонци“.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG