Достапни линкови

Опозицијата на улица, власта не се потресува


Архивска фотографија: Протестен митинг на СДСМ во Скопје, 15 мај 2011.

Архивска фотографија: Протестен митинг на СДСМ во Скопје, 15 мај 2011.

СДСМ и партиите од „третиот пат“ најавија протестни митинзи. Од ВМРО ДПМНЕ засега не коментираат ништо за митинзите на опозицијата.

Четирите партии од опозицијата кои неодамна објавија дека ќе формираат т.н трет пат ќе ги подржуваат митинзите на СДСМ меѓутоа тие ќе се одвиваат паралелно со нивните митинзи откако незадоволството и кај нив зовре поради како што оценуваат погрешните политики на власта. Митинзите понатаму дури може да отворат пат кон заедничка опозициска коалиција, но се уште е рано да се каже тоа, коментира Андреј Жерновски од ЛДП.
Два центри има на таа битка, едниот е на СДСМ, другата нели е оваа соработка што ја имаме ние како четири политички партии, ќе видиме како сето тоа ќе заврши на крајот, можно е да заврши како самостоен настап на субјектите, можно е да заврши се разбира и како една широка опозициска коалиција.

„Два центри има на таа битка, едниот е на СДСМ, другата нели е оваа соработка што ја имаме ние како четири политички партии, ќе видиме како сето тоа ќе заврши на крајот, можно е да заврши како самостоен настап на субјектите, можно е да заврши се разбира и како една широка опозициска коалиција.“

СДСМ најави серија митинзи на плоштадите низ Македонија почнувајки од 3 јуни. Овие активности се слични на изборната кампања од предвремените парламентарни избори кога нивни членови одеа од врата на врата кај граѓаните. Средбите и разговорите на политичките субјекти со граѓаните остануваат незаменлив начин на комуникација.
Од аспект на јавното мислење ќе има ефект, меѓутоа од аспект на конкретни промени или корекции во политиките коишто ги има власта, не очекувам дека ќе има некаков ефект.

Експертите оценуваат дека сепак изборната кампања на СДСМ од претходниот изборен циклус одигра улога во добивање поголема подршка од електоратот, но дека продолжувањето само со протести нема да ја спречи актуелната партија во власта да победи повторно на избори со кои ќе се задржи на власт неколку пати по ред.

„Опозицијата треба да ја научи лекцијата, да функционира како опозиција и во рамките на институциите, во Собранието, во Советите на општините, во општините таму каде што има мнозинство...Од аспект на јавното мислење ќе има ефект, меѓутоа од аспект на конкретни промени или корекции во политиките коишто ги има власта, не очекувам дека ќе има некаков ефект“, изјави Владимир Мисев.

На своето прво патување низ Македонија опозициската СДСМ ќе отиде во Струмица. Партиите од опозцијата кои објавија „Трет пат“ ќе одржат митинг на 29 во Охрид и продолжуваат понатаму.

Засега најголемата партија во власта ВМРО ДПМНЕ не рече ништо за митинзите на опозицијата. Проценка за големината и значењето на овие активности даде нивниот коалициски партнер ДУИ.

„Протестите се уставно загарантирано право на граѓаните, но притоа мора да се почитуваат законите и јавниот ред и мир. Исто така колку поактивна е опозицијата, придонесува поактивна да биде и владата, а сето тоа оди во прилог на граѓаните“, изјави Бујар Османи од ДУИ.

Опозицијата смета дека овие митинзи нема да обезбедат заминување на власта, но може да го забрзаат тоа по локалните избори, во зависност од резултатот што ќе го постигнат.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG