Достапни линкови

Загриженост поради насилствата на протестите


Протести на Албанци против полициската операција Монструм на 11 мај 2012 во Скопје.

Протести на Албанци против полициската операција Монструм на 11 мај 2012 во Скопје.

Доколку протестите продолжат, ситуацијата може да стане полоша бидејќи луѓето што учествуваат во нив лесно може да бидат изманипулирани, велат аналитичарите.

По протестите во последните неколу денови, експертите изразуваат загриженост поради нападите врз полицијата и новинарите, бидејќи нивното одржување во ситуација кога не е познато кои се организатори може да ја внесе земјава во уште потурбулентна состојба. Затоа, професор Владимир Пивоваров од Факултетот за општествени науки инсистира сите фактори во општеството да работат на смирување на тензиите и дека полицијата не е моќна перманентно да ги контролира протестите во кои врз нејзини припадници се фрлаат камања.
Прашањето е доколку се продолжи со ваквиот радикален настап на протестантите, дали нема да дојде до конфликт меѓу полицијата и протестантите. Дали целта на протестантите не е да ја предизвикаат полицијата да возврати?

„Имавме напади врз полицајци, шест повредени. Прашањето е доколку се продолжи со ваквиот радикален настап на протестантите, дали нема да дојде до конфликт меѓу полицијата и протестантите. Дали целта на протестантите не е да ја предизвикаат полицијата да возврати?“

Во меѓувреме, како што наведува, правосудството треба да донесе брза пресуда околу истрагата за петкратното убиството кај Смилковското Езеро. Кога станува збор за безбедноста, тој вели дека доколку протестите продолжат, ситуацијата може да стане полоша бидејќи луѓето што учествуваат во нив лесно може да бидат изманипулирани. Според Пиваваров, по случувањато на Калето, чиј мотив беше градењето црква од минатата година, полека дојде до перманентно зголемување на тензиите во меѓуетничките односи.
Мислам дека проблемот е во тоа што не се појавуваат организаторите на протестите.

Протести на Албанците против полициската операција Монструм.

Протести на Албанците против полициската операција Монструм.

На социјалните мрежи беше објавено дека протестите против акцијата на полицијата во која беа приведени неколку лица ќе продолжат секој петок. Темата го вклучува профилот на органзизаторите, а реакциите го истакнуваат и јазот меѓу етничкото третирање на протестите и она што некои го оквалификуваат како сомневање дека се приведени вистинските сторители.

Политичкиот аналитичар Башким Бекиу искоментира дека протестите се гарантирано право и нивното забранување се коси со демократските норми, но признава дека протестите се провокативни.
Сите десетина лица кои досега се идентификувани се полнолетни, така што во наредниот период ќе се работи на идентификување на малолетните лица кои очигледно беа злоупотребени.

„Појавувањето на контра-протести покажува некои загрижувачки елементи. Мислам дека проблемот е во тоа што не се појавуваат организаторите на протестите.“

Луѓето имаат секакви помешани чувства околу темата. Експертите отвораат прашања околу она кое не може да биде поважно, како ќе се однесуваат институциите и општеството доколку протестите продолжат. Според нив, крајно време е сите фактори да почнат да дејствуваат.

МВР најави дека од денеска ќе има пријави, со оглед на тоа дека ги препозна учесниците во протестите кои ја нападнаа полицијата и повредија снимател, новинар и полицајци.

„Сите десетина лица кои досега се идентификувани се полнолетни, така што во наредниот период ќе се работи на идентификување на малолетните лица кои очигледно беа злоупотребени. По целосно завршување и документирање на случајот, против сите нив ќе бидат поднесени соодветни пријави“, вели портпаролот на МВР Иво Котевски.

Според полицијата, откривање на агресивните учесници во протестот треба да делува превентивно.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG