Достапни линкови

Стаорци, бубачки, лебарки, кучиња, се дел од секојдневнието во кумановската болница.

Во дворот на болницата во вечерните часови врие од големи и агресивни кучиња. Дење, пак, по три-четири лежат во тревниците под крошните на дрвјата. Понекогаш и не се доволно видливи, што претставуваат опасност за минувачите и оние кои имаат потреба од здравствени услуги. На асфалтната патека во близина на Хируршкото одделение прегазен стаорец со денови стои и преку него поминуваат и колички со храна, а потоа вработената со нив заминува во внатрешноста на болницата. Бубачки и лебарки шетаат по ѕидовите, додека под прозорците со денови стои истурена храна, го раскажува својот впечаток кумановец кој неколку дена имал потреба од здравствени услуги во Општата болница во Куманово. За да ги поткрепи своите видувања тој со мобилен телефон направил фотографии.
Катастрофа. Само влезете да видите. Тоалетот прво, па се живо.

Дел од кумановци запрашани за нивните впечатоци во врска со хигиената во болницата со свои забелешки:

„Хигиена! Не знам!“

„Таму каде што јас одам на терапија, чисто е.“

„Не сум влегувал внатре, а дворот греота да се жалиме. Има чистачи што чистат:“

„Катастрофа. Само влезете да видите. Тоалетот прво, па се живо.“

РСЕ: А дворот?

„Дворот, гледате и сами.“

„Дворот некако не ми е многу среден.“
Дератизација започна и ќе се врши за уништување на глодарите околу речното корито, во канализационите системи, шахтите, централното градско подрачје, болницата. Со парафински мамки кои ќе се фрлаат во шахтите, дератизацијата ќе се врши на две недели.

Директорот на болницата Ариф Љатифи вели дека хигиената во болницата е на завидно ниво.

„Имаме ангажирано волонтери и работници. Трет пат извршивме дератизација од Центарот за јавно здравје. Ние превентивно извршивме. Точно е дека има кучиња во болничкиот круг, но три пати упативме барање до Општината и очекуваме дека и оваа како и минатата година ќе го извршат тоа.“

Појава на глодари и во јавните и во приватните објекти летово во Куманово не е реткост. Повозрасните кумановци велат дека градот е големо градилиште, а тоа ги вознемирува животните кои излегуваат на површина и шетаат на јавни места. Надлежните од локалната самоуправа најавуваат мерки за нивно уништување, вели Валентина Алексовска, секретар во Општината.

„Дератизација започна и ќе се врши за уништување на глодарите околу речното корито, во канализационите системи, шахтите, централното градско подрачје, болницата. Со парафински мамки кои ќе се фрлаат во шахтите, дератизацијата ќе се врши на две недели.“

Според Алексовска, причина за излегување на глодарите на површина се и високите температури и сувото време, но се надева дека дератизацијата ќе даде очекувани ефекти. Дали и во болницата состојбата со хигиената ќе се подобри неизвесно е, зашто пациенитете забележуваат дека овој проблем е во континуитет повеќе години.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG