Достапни линкови

Сметот од дебарската депонија поради состојбата во која се наоѓа многу често може да се забележи на магистралниот пат кон границата

Главната локална депонија во Дебар која се наоѓа на 3 километри од градот и е во непосредна близина на патот кон граничниот премин Блато, на македонско-албанската граница е во хаотична состојба. Поради целосно уништување на оградите, сметот многу често е расфрлен и на магистралниот пат, а поради некласифицирање на сметот овде се собираат голем број на кучиња скитиници кои ја попречуваат и обработката на земјоделското земјиште од страна на земјоделците чии земјоделски површини се во близина на
Владата на Република Македонија треба да донесе дефинитивна одлука за регионалните депонии. За да се одржи животната средина во регионот ние бевме приморани да прифатеме дотур на сметот од општина Маврово Ростуше во нашава депонија . Ние се имаме договорено и и вршеме наплата за сметот кој се внесува во нашата депонија од страна на наведената општина . Но мора да се каже дека состојбата на нашата депонија е многу тешка
депонијата.

„Главната депонија во општина Дебар е во мошне лоша состојба. Една од причините за ваквата состојба е неконтролираното фрлање на сметот од страна на некои граѓасни додека од друга страна проблем преставува и старата градежна машина која е ангажирана во однос на средување на сметот“, вели директорот на ЈКП Сртандард, Мазлум Леши.

Тој подвлекува дека во земјава во овој момент тешко се добиваат и средства за санирање на локалните депонии, поради планирањето на целосно функционирање на регионалнирте депонии.

„Владата на Република Македонија треба да донесе дефинитивна одлука за регионалните депонии. За да се одржи животната средина во регионот ние бевме приморани да прифатеме дотур на сметот од општина Маврово Ростуше во нашава депонија . Ние се имаме договорено и и вршеме наплата за сметот кој се внесува во нашата депонија од страна на наведената општина . Но мора да се каже дека состојбата на нашата депонија е многу тешка“, подвлекува директорот Леши.

Илустрација: Депонија

Оваа јавно комунално претпријатие, и покрај големите финасиски проблеми, со сопствени средства наскоро ке започне санација на депонијата со цел да се нормализира состојбата на депонијата .

„Подготвуваме санација. Прво што ќе направеме е поставување на огради, а во долниот дел од депонијата ќе се прилагоди место за фрлање на сметот од приватни лица“, вели директорот на ЈКП Стандард.

За овој проблем неделаво расправаше и Советот на општината, при што е изнесена оценката дека неоходно е многу брзо да се подобри состојбата на депонијата .

Десетина земјоделци кои имаат свое земјиште во близина на депонијата упатија барање до надлежните локални власти итно да ја санираат депонијата, бидејќи истата им создава големи проблеми во обработката на земјиштето, бидејќи расфрлениот смет често е и на нивните земјоделски површини.
  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG