Достапни линкови

Работниците во менгеме меѓу законите и газдите


Работници во кичевската фабрика за производство на челични далекуводи, подружница на ЕМО од Охрид.
Работници во кичевската фабрика за производство на челични далекуводи, подружница на ЕМО од Охрид.

Прекувремени работни часови кои несоодветно или воопшто не се плаќаат, непочитување на правото на годишен одмор, отпуштања без предупредување за отказ, непријавени работници, неплаќање на придонеси за цела плата, партиски притисоци... Во вакво секојдневие живее и опстанува македонскиот работник.

Во Македонија правата на човекот работник, не се на некоја цена. Човекот работник во оваа земја се третира како некоја потрошна стока, се обесправува и се обезвреднува неговиот труд, ќе речат од Движењето за социјална правда Ленка. Многумина самите се соочиле со кршење на некое човеково право од работен однос или некој нивен бил жртва на тоа, велат од здружението укажувајќи дека скоро и да не постои сфера во која не се кршат законски утрврдените права на работниците.
Ако во деведесетите години останевте без работа како стечаец и ако споредиме денес ако останете без работа како стечаец, денес имате 90 проценти помалку од правата кои сте ги имале пред 20 години. Значи преку постојано изменување и надополнување на законот за работни односи се кратат елементарни права на оваа категорија работници.
Димитар Апасиев, движење „Ленка“.

„Ако во деведесетите години останевте без работа како стечаец и ако споредиме денес ако останете без работа како стечаец, денес имате 90 проценти помалку од правата кои сте ги имале пред 20 години. Значи преку постојано изменување и надополнување на Законот за работни односи се кратат елементарни права на оваа категорија работници“, изјави Димитар Апасиев од Ленка.
Протест на стечајните работници
Протест на стечајните работници

Работничките права се кратат на секој чекор

Еве само некои од примерите за намалување на работничките права во земјава. Преку зголемување на старостната граница за одење во пензија, за разлика од порано, работничките треба да работат дополнителни 7 години за да можат да одат во пензија, а работниците дополнителни 4 години. Така, ако во 1993 година работничките одеа во пензија со 55, а работниците со 60, денес работничките одат со 62, а работниците со 64 години во пензија.
Се вработуваат работници без договори за вработување, да се присилуваат да потпишуваат договори знаејќи дека со тоа си потпишуваат дека ќе добијат отказ. Големиот процент на невработеност ги тера работниците да прифаќаат и тоа што не треба да го прифаќаат од страв дека ќе ја изгубат работата.
Павел Трендафилов, Синдикат на градежни работници.

Понатаму, во однос на годишниот одмор, во 2008 година се отвори простор за фактичко намалување на законски определената должина на годишниот одмор. Имено, тогаш одредбата која предвидуваше дека работникот има право на годишен одмор во траење од 20 до 26 работни дена се замени со формулација според која „работникот има право на платен годишен одмор од најмалку 20 дена“. За несигурноста на работното место значителен придонес даде продолжувањето на максималната должина на договорите за работа на определено време, од една па до пет години.

Ние секојдневно се соочуваме со голем проблем, вели првиот човек на синдикатот на градежни работници Павел Трендафилов. Токму затоа, апелирам да престане злоупотребата на работниците и да се почитуваат основните законски решенија, вели Трендафилов.
Значи скоро секаде во приватниот сектор, ама буквално скоро насекаде по моја проценка, работниците работат по 2-3 саати повеќе од предвиденото во текот на денот, им се кршат правата, не се исплатува бонус плата на крајот од годината за прекувремената работа, а државата не знае тоа да го регулира. Значи губат работниците, а ќаруваат единствено мангупите работодавачи, кои си ги ставаат парите во џеб.
Драге Јовановски, правен експерт.

„На терен повторно се случуваат ситуации кои се спротивни на нормалното функционирање во 21 век. Се вработуваат работници без договори за вработување, да се присилуваат да потпишуваат договори знаејќи дека со тоа си потпишуваат дека ќе добијат отказ. Големиот процент на невработеност ги тера работниците да прифаќаат и тоа што не треба да го прифаќаат од страв дека ќе ја изгубат работата.“

Правниот експерт Драге Јовановски констатира дека правата на работниците во земјава се скратени споредено со работничките права во земјите каде што се применуваат европските закони во сферата на работните односи. Од 2006 година до денес бележиме континуирано намалување на работничките права, кои се демонстрираат преку измени во постоечките колективни договори, дециден е Јовановски.
Претседателот Ѓорге Иванов во посета на текстилна фабрика во Штип.
Претседателот Ѓорге Иванов во посета на текстилна фабрика во Штип.

Закони има, права нема

„Значи скоро секаде во приватниот сектор, ама буквално скоро насекаде по моја проценка, работниците работат по 2-3 саати повеќе од предвиденото во текот на денот, им се кршат правата, не се исплатува бонус плата на крајот од годината за прекувремената работа, а државата не знае тоа да го регулира. Значи губат работниците, а ќаруваат единствено мангупите работодавачи, кои си ги ставаат парите во џеб. Знаете ли што значи да работат 300-400 илјади работници да работат прекупвремено, да земат уште по една плата?
Очигледно е дека работниците се уште го немаат достигнато тоа, не се дојдени до таа фаза, до таа сосотојба, да можат самите да изреагираат тогаш кога не им се почитуваат правата. Тие не ги знаат доволно одредбите ниту во законите, ниту во колективните договори и сигурно е дека на тоа поле треба уште да се работи.
Анѓелко Анѓелковски, секретар на Советот на ССМ.

Прекувремената работа која најчесто не е платена, ноќните смени, работата за време на празници за која повеќето работници не добиваат надомест се некои од најчестите случаи на кршење на работничките права. Од Сојузот на синдикати признаваат дека во праксата правата на работниците доволно не се почитуваат. Правата во законите и колективните договори не се за потценување, но за состојбата на терен вина имаат и самите работници кои не се доволно информирани за тоа што им следува, вели секретарот на Советот на ССМ, Анѓелко Анѓелковски.
Протест на работници пред Собрание.
Протест на работници пред Собрание.

„Очигледно е дека работниците се уште го немаат достигнато тоа, не се дојдени до таа фаза, до таа состојба, да можат самите да изреагираат тогаш кога не им се почитуваат правата. Тие не ги знаат доволно одредбите ниту во законите, ниту во колективните договори и сигурно е дека на тоа поле треба уште да се работи.“

Но знае ли и може ли работникот како поединец сам да се избори за своите права? До каде ќе оди неговата борба против работодавачот и како ќе заврши? Јовановски е убеден дека работникот како индивидуа не може да го совлада системот.
Помина времето на социјализмот, кога работниците беа на власт, сега е пазарно стопанство, капиталистички начин на работење и живеење.
Анкетиран граѓанин.

„Работникот секогаш си е во право, меѓутоа знаете единка не може да се бори против мечка. И овде сега поготово од ова власт се протежира „шпиунството“, дај да шпиунираш.“

Ни прославата на Први мај не е тоа што беше

Ова, пак, отвора една друга страна во приказната. Ако не може сам, постојат синдикати, здруженија кои според природата на нештата треба да ги соединат работниците и да ги штитат нивните права кога
Мерки треба да има на повеќе полиња. Можеби и од апект на анализата за која е потребата на пазарот на труд, па според тоа да се влијае и да се направи план во делот на образованието, според тоа да се знае кој каде да се профилира.
Шенај Хаџимустафа, Центар за економски анализи

тие се загрозени. Општ впечаток во јавноста е дека синдикалните организации се премногу блиски до власта, а синдикалните активисти се недоволно активни. Дали затоа работниците немаат доверба во синдикатите? Само 30 проценти од вкупниот број вработени во земјава се членови на синдикални организации.

„Значи 70 проценти од работниците кои во претходниот ситем биле организирани синдикално сега по разно-разно основи и притисоци на газдите не им дозволуваат да се организираат. Тие се уште мислат дека синдикатот е должен да им обезбеди заштита, а да не се членови. За жал тоа не постои ниту со Устав, ниту со закони“, вели Павел Трендафилов, претседател на Синдикатот на градежни работници.

Работниците се плашат од газдите
На пример во делот на комуналиите, во делот на земјиштето, во делот на постапката за добивање на документи за градба, за инвестициона градба или проширувања на постојните капацитети, во делот на додавање на оние невработени лица преку ослободување коишто како активни мерки за вработување се вклучени во повеќе планови изработени од страна на Агенцијата за вработување исто така заедно со работодавачите.
Димитар Стојановски, организација на работодавачи.

Тој уверува дека синдикатите водат контрола која се однесува на утврдување на платата, регулирање на правото на боледување, годишниот одмор, односно тоа што го опфаќа колективниот договор. Еве како од Сојузот на синдикати ја објаснуваат слабата заинтересираност на работниците да членуваат во синдикатите.

„Дали синдикатите не се наметнале или работниците немаат интерес, сега тоа е некаде на средина, затоа што синдикатите со она што го прават сметаме дека доволно прават за да работниците имаат интерес да бидат членови, но очигледно или се уште работодавачите не дозволуваат работниците да се зачленат во синдикатите“, вели Анѓелковски.

Не ретко, најчесто пред избори некои од синдикалните организации изразуваат поддршка на одредена политичка партија, што пак придонесува за намалување на довербата на граѓаните во синдикалните здруженија. Во пресрет на 1 мај, празникот на трудот, граѓаните кои ние ги прашавме се чини дека се помириле со работното секојдневие. Повеќето се плашат јавно да зборуваат за своите права , оти велат можел да ги види и да ги слушне газдата и да ги казни. Оние постарите се потсетија на времето кога овој празник навистина им значел на работниците. Кога штрајковите имале ефект.

„Помина времето на социјализмот, кога работниците беа на власт, сега е пазарно стопанство, капиталистички начин на работење и живеење.“

„Првиот ден тие што не беа задоволни од работата, одеа да се произнесат дека не се задоволни преку штрајкови или слични работи. А вториот ден се одеше на викенд, на прослави и работниците беа повеќе задоволни, барем јас така мислам.“

„Луѓето матријално беа позадоволни, можеби немаше кој знае колку повеќе, меѓутоа доволно за човек да може да си дозволи безгрижно да го прослави овој ден.“

Работодавачите ја злоупотребуваат моменталната стапка на невработеност

Тоа што според експертите дополнително ја влошува положбата на работниците е и проблемот со невработеноста. Така на пример работодавачите ја злоупотребуваат моменталната стапка на невработеност за да им се закануваат и да ги уценуваат работниците дека доколку не им одговараат понудените услови, има уште многу такви на кои очајно им треба работа. Луѓето едвај доаѓаат до работно место, па во таква реалност се принудени да ги трпат сите они понижувања за да си ја заработат својата дневница. Во таква ситуација кршењето на човековите права само зема замав, велат експертите.

Проблемот со невработеноста може да се реши, но за да се видат резултатите ќе биде потребно многу повеќе и подолгорочни мерки, советува Шенај Хаџимустафа од Центарот за економски анализи.

„Мерки треба да има на повеќе полиња. Можеби и од апект на анализата за која е потребата на пазарот на труд, па според тоа да се влијае и да се направи план во делот на образованието, според тоа да се знае кој каде да се профилира. Од друга страна да се види дали има можности каде може да се инвестира во нова индустрија, па да видиме и тука кои се нашите потреби и според тоа и тука таа невработена сила да се профилира во таа насока. “

Од организацијата на работодавачи велат дека како социјален партнер на Владата настојуваат да обезбедат амбиент и реални услови за вработување. Претседателот на организацијата Димитар Стојановски вели дека во Владата може да го стимулира вработувањето во неколку сегменти.

„На пример во делот на комуналиите, во делот на земјиштето, во делот на постапката за добивање на документи за градба, за инвестициона градба или проширувања на постојните капацитети, во делот на додавање на оние невработени лица преку ослободување коишто како активни мерки за вработување се вклучени во повеќе планови изработени од страна на Агенцијата за вработување исто така заедно со работодавачите “, изјави Стојановски.

Само здружено за остварување на правата

Клучното прашање кое се поставува е како да се промени и подобри положбата на работниците во земјава. Упатените велат дека првиот чекор е работниците да се организраат и да ги бараат своите права. Потоа, синдикатите да им даваат целосна правна помош на работниците во случај кога нивниот газда го ускратил остварувањето на некое право. Секако дека државниот инспекторат за труд е особено важен фактор кој преку неговите надлежности утврдени со законите, може да придонесе за подобрување на ситуацијата со работничките права, а според соговорниците важна улога имаат и политичките партии од кои зависи дали преку измените и дополнувањата на законите кои ја покриваат трудово правната материја ќе се намалуваат или зголемуваат работничките права.
Од здружението за социјална правда Ленка акцентот го ставаат врз самите работници и нивната свест.

„Тие со нивната апатичност и со чекањето некој друг да им ги решава проблемите практично се доведоа до ова дереџе. „Ленка“ како движење е жесток критичар на бирократизираните оние жолти синдикати, меѓутоа не секогаш вината може да ја лоцираме во Синдикатот. Нас ни е разбирливо работникот да биде против овој или оној синдикат како институција, но не ни е поимливо работникот да биде против синдикализмот како движење, бидејќи тоа е нај­до­брито начин на работничка борба против екплоатацијата од страна на работодавачите“, вели Апасиев.

Јовановски пак вината и одговорноста за актуелната ситуација на работниците, ја гледа во надлежните органи.

„Се додека не се усвојат оние прописи и закони кои важат за ЕУ, тоа се директивите за правата на работниците и конвенциите на МОД, значи во Република Македонија тешко да дојде до поволна ситуација за самите работници.“

Од ССМ пак велат дека работниците своите права може да ги остварат единствено преку здружување и заедничка борба. Она што еден работник сам не може да го добие, веројатно ќе го добие заедно со останатите работници.
„Тешко сам може да си ги оствариш правата. Поради преголемата невработеност малку и тука е стравот, па се ќути, се премолчува. Треба што помасовно да се вклучат за да може синдикатото во нивно име да ја завршува работата“, изјави Анѓелковски.

Во Македонија постојат 25 закони со кои се регулира трудово-правната материја. Кај заштитата при работа проблемот не треба да се бара кај законот, зошто тој е одлично напишан, велат од Ленка. Неговото непочитување е она што предизвикува континуирано намалување и кршење на работничките права. Преку промените во законските одредби работниците се лишени од правото да организираат штрајк без синдикат, а воведена е можност штрајкот да биде судски забранет, а работодавецот да побара и да добие надомест на штетата, која ја претрпел поради организирањето на штрајкот за кој судот пресудил дека е незаконски.

Во вакви услови иднината на македонскиот работник не е сјајна, заклучуваат нашите соговорници, а тешката економско-социјална борба дополнително ги влошува изгледите на работникот да го промени своето секојдневие.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG