Достапни линкови

Осмели се и штрајкувај ако смееш


13 вработени во Железнца беа отпуштени зашто штрајкувале. Законот го смали просторот за штрајкување на работниците.

Вработените во Македонски железници одново доживеаја паника поради одлуката на директорот да подели 13 отказни решенија на нивни колеги кои го прекинаа железничкиот сообраќај барајќи исплата на плати. Секој инцидент кој ги засега правата на работниците претставува причина за загриженост и во останатите синдикални организации. Во оваа компанија во штрајк претходно стапија машиновозачите. Во овие јавни претпријатија подолг период има незадоволство поради доцнење на платите.
Кога ќе се договори работодавец со претставник на синдикат дека плата ќе има до првата декада и работодавецот тоа да не го испочитува, па што може да очекува од еден синдикат каде што се организирано здружени за некои работнички права.
Ристо Пејовски, Синдикат на машиновозачите.

„Тие одат исклучиво на таа карта, не одат на комуникација, не одат да се соочат директно со проблемот. Кога ќе се договори работодавец со претставник на синдикат дека плата ќе има до првата декада и работодавецот тоа да не го испочитува, па што може да очекува од еден синдикат каде што се организирано здружени за некои работнички права“, коментира Ристо Пејовски од Синдикатот на машиновозачите.

Има постапка на помирување која мора да заврши пред да може да почне еден штрајк. Ако е така, тогаш може многу лесно штрајкот да биде прогласен за незаконски, а за незаконски организиран штрајк има парични казни кои се доста високи, особено за оние работници кои фактички се решиле на штрајк бидејќи им е загрозена материјалната егзистенција.
Здравко Савески, универзитетски професор.
И во останатите поголеми синдикални организации мерките кои ги преземаат компаниите предизвикуваат незадоволство, но овојпат се чини дека главна тема се измените на Законот за работни односи. Синдикалците се шокирани од одредбите во Законот за работни односи со кои се повеќе се кратат работничките права. Согласно измните, работниците кои штрајкуваат повеќе немаат право на паричен надомест од работодавачите. Компаниите претходно, според колективниот договор, имаа обврска да им исплатат придонеси на работниците кои штрајкуваат, наведува Павел Трендафилов, претставник на ССМ.

„Како би штрајкувал кога не би добивал никаква надокнада, така што со општиот колективен договор тоа беше регулирано до 5 дена штрајк да му се плаќа на работникот одредена сума пари. Што значи да завршам, во сите сегменти на живеењето кадешто работниците во едни услови тешки кајшто работат барем имаа можност преку општиот колективен договор да остварат одредени права на паричен надомест“ вели Трендафилов.

Професор Здравко Савески нагласи дека цел на строгите одредби е да отворат можност што повеќе еден штрајк да биде прогласен за нелегален. На тој начин едно важно средство на работниците е обезвреднето, оценува Савески.

„Има постапка на помирување која мора да заврши пред да може да почне еден штрајк. Ако е така, тогаш може многу лесно штрајкот да биде прогласен за незаконски, а за незаконски организиран штрајк има парични казни кои се доста високи, особено за оние работници кои фактички се решиле на штрајк бидејќи им е загрозена материјалната егзистенција.“

Експертите истакнаа дека со ваквите решенија единствен овластен да организира штрајк е Синдикатот. Но еден од проблемите е што има повеќе синдикати, а кога во една фирма има повеке синдикати значи дека нема единствена акција и тогаш е помала и силата на преговарање во однос на работодавачите, нагласи Савески.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG