Достапни линкови

И државата крена раце од загубарите


Државата не гледа интерес во претпријатијата загубари, а тоа ја прави лош управувач. Државата не би требало да се занимава со водење претпријатија, туку да ги препушти на оние кои во тоа гледаат економски интерес, велат експертите.

Незадоволни работници, неисплатени плати и работење со загуби бележат неколку претпријатија кои што државата ги држи под своја капа, а во коишто своевремено спроведе одредени трансформации со цел за нивно поефикасно работење.
Значи некој во Владата треба да каже зошто е дозволено вака да се направи, нели требаше да се направи трансформација со единствена цел двете претпријатија да бидат рентабилни. А, што добивме од трансформацијата? Само дупли директори, дупли управни одбори, дупли надзорни одбори, дупли надзорни трошоци и што е најлошо нарушени меѓучовечки односи меѓу двете претпријатија.

За вработените во Македонски железници, образложението од Министерството за транспорт дека економската криза е причина за ваквата состојба со оглед на тоа што, како што велат, претрпијатието многу одамна се соочува со проблеми и покрај трансформацијата направена во 2004 година која ги одвои претпријатијата МЖ Инфраструктура и АД Транспорт.

„Значи некој во Владата треба да каже зошто е дозволено вака да се направи, нели требаше да се направи трансформација со единствена цел двете претпријатија да бидат рентабилни. А, што добивме од трансформацијата? Само дупли директори, дупли управни одбори, дупли надзорни одбори, дупли надзорни трошоци и што е најлошо нарушени меѓучовечки односи меѓу двете претпријатија“, изјави Маријан Ристевски од синдикатот на МЖ Инфраструктура.
Протест на стечајци пред Влада

Протест на стечајци пред Влада


Вработените се свесни дека претпријатието не е конкурентно како резултат на тоа што со години не се направени нови инвестиции. Државата не гледа економски интерес во овие претпријатија така што нивните трошоци за неа стануваат нерационални и со тек на време не е во можност да ги плаќа. Вака професор Мирољуб Шукаров ја објаснува состојбата во која се најдоа
Значи се купуваат избори, се купуваат гласови за избори. Не гледам друг мотив државата да се бави со некои работи кои не се ниту во нејзин домен, ниту во нејзин интерес.
овие и уште неколку други претпријатија коишто се во државна сопственост, како што се и „Охис“ и „Македонија пат.“

„Гледате, кај нас постои еден тренд на се погoлемо подржавување, ако може нешто да се подведе и да се подмести под државна контрола се би се подместило. Обратно е. Секаде во ефикасните ситеми економски, се гледа се што е државно да се пренесе во раце на они што имаат профитен интерес.“

Причините за ваквото однесува се политички, вели Шукаров.

„Значи се купуваат избори, се купуваат гласови за избори. Не гледам друг мотив државата да се бави со некои работи кои не се ниту во нејзин домен, ниту во нејзин интерес.“

Тоа што не гледа економски интерес во овие претпријатија, ја прави државата лош управувач и таа во принцип не би требало да се занимава со водење претпријатија туку да ги препушти на оние кои во тоа гледаат економски интерес во тоа, посочува Шукаров. Тоа би можело да ги направи овие претпријатија конкурентни и подготвени да ги следат светските трендови.
XS
SM
MD
LG