Достапни линкови

Работниците од ЕМО во Кичево си ги бараат платите


Работници во кичевската фабрика за производство на челични далекуводи, подружница на ЕМО од Охрид.

Работници во кичевската фабрика за производство на челични далекуводи, подружница на ЕМО од Охрид.

Исплата на заостанатите плати, нивно зголемување, лекарско осигурување бараат околу 150 вработени во ЕМО Кичево. Тие се плашат да штрајкуваат поради заканите дека ќе ги отпуштат од работа.

Исплата на заостанатите плати и придонеси, зголемување на платата на 10.000 денари, да нема испуштање на работниците на 70 отсто, а Антикорупциска комисија да изврши контрола врз финансиското работење на кичевската фабрика за производство на челични далекуводи, подружница на ЕМО од Охрид.
Во јануари ветија, раководството ни вети дека од 20-ти февруари редовно ќе земаме плата, дека за минатата година тие 8 месеци ќе ги исплати Владата, платите наши што ги заработивме, што можеме да ги земеме нормално како плата. Сега е март месец, немаме ни картончиња земено, ни плата имаме од оваа година земено.


Ова се барањата на 150-те вработени кои тврдат дека веќе 4 години не добиле сини картони за здравствено лекување. Им било ветено и од првиот менаџер на компанијата Зоран Филоски и од владини претставници, како што тврдат, дека платите ќе им бидат исплатени.

„Во јануари ветија, раководството ни вети дека од 20-ти февруари редовно ќе земаме плата, дека за минатата година тие 8 месеци ќе ги исплати Владата, платите наши што ги заработивме, што можеме да ги земеме нормално како плата. Сега е март месец, немаме ни картончиња земено, ни плата имаме од оваа година земено“, вели Вецко Србиноски Работници во кичевската фабрика за производство на челични далекуводи, подружница на ЕМО од Охрид

Работници во кичевската фабрика за производство на челични далекуводи, подружница на ЕМО од Охрид

, пренесувајќи го незадоволството и на своите колеги.

Србиноски и другите вработени своите барања ги соопштија собрани во дворот на фабриката, со страв да не ја преминат оградата, зашто тврдат добиле закани, ако организираат протест или штрајк ќе бидат избркани од работа.
Да, да, имаме закани, ако протестираме, има за бркање за дома, ќе си одиш дома, ете така.

„Барањето ни е доставено, па од втори месец некаде до генералниот горе, Бордот на директори, таму се како што е, немаме добиено одговор никаков, а има овде точно зацртано. И понатаму ќе негодуваме се додека најдат пари. Протест нема, штрајк нема, значи само пари бараме.“

РСЕ: Зошто не протестирате, стравувате, имате закани некакви?

„Да, да, имаме закани, ако протестираме, има за бркање за дома, ќе си одиш дома, ете така“, вели Ефто Аврамоски, вработен во ЕМО Кичево.

Работниците тврдат дека имаат континуирано работа, дека фабриката не може со овој обем на активности да биде загубар, но се сомневаат дека парите не се трошат наменски. Затоа ја повикуваат Антикорупска комисија да изврши контрола.

„Далекуводите, МЕПСО таму договорите што ги прават, ние тие далекуводи ги изработуваме тука, решеткасти столбови и далекуводите и топло цинкување, башка услуги. Од Услугите, фабриката само ги покрива трошоците, а далекуводите се чиста заработувачка во ЕМО“, потенцира Србиноски.

Иако вработените не го обвинуваат управителот на кичевската фабрика Ацо Ристески, тој изјави дека поднел неотповиклива оставка, зашто не можел веќе да ги издржи ниту внатрешните притисоци од вработените, ниту надворешните. Вели дека одговорно и совесно работел во изминативе 5 години, дека на вработените минатата година затоа им биле исплатени дури 11 плати. Генералниот менаџер на ЕМО Охрид, не беше достапен за каков било коментар.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG