Достапни линкови

Битолските судови ги отфрлиле како преуранети трите тужби за мобинг против раководители на фирми поднесени од малтретирани работници.

Досега не е добиен ниту еден судски процес за мобинг, соопштија од Регионалниот синдикален совет во Битола. Трите тужби поднесени од вработени против раководни лица во битолски фабрики, судот ги отфрлил како преуранети.

Во Битола имало преку овој синдикат поведена само една постапка за мобинг. Тужбата ни беше отфрлена како преуранета. И има уште една фабрика во Битола каде не преку нас, туку двајца вработени поднесоа тужби, но исто им беа отфрлени.

„Во Битола имало преку овој синдикат поведена само една постапка за мобинг. Тужбата ни беше отфрлена како преуранета. И има уште една фабрика во Битола каде не преку нас, туку двајца вработени поднесоа тужби, но исто им беа отфрлени“, вели синдикалецот Љупчо Василевски.
Илустрација.

Илустрација.


Тужбите биле поднесени во 2009 година, а по ваквото искуство веќе никој не се осудил да поднесе тужба за мобинг. Од синдикатот велат тоа не значи дека нема малтретирања на работно место, туку луѓето во оваа тешка економска ситуација не се осмелуваат да зборуваат за овие проблеми, исплашени да не го загубат работното место.

„Кога нема пазар на трудот, секој го чува работното место како очите. Тоа ни дава нас многу послаба моќ во делот на синдикалната работа. Ние знаеме да поставиме десет автобуси, работниците да го побараат своето право пред Влада или на друго место. Но, никој не сака да се качи да не биде виден. Тоа е позиција на која секој сака да преживее. Ова е кршење на правата, класичен неокапитализам во кој некој можеби вистински мобира, малтретира и така натаму“, вели Симе Силјановски, секретар на Регионалниот синдикален совет.

Тој признава дека синдикатот нема увид во повеќе фирми во Битола дали има мобинг и кршење на работничките права зашто од страв работниците избегнуваат синдикално да се организираат. Во некои фирми синдикалците биле дури отпуштени од работа.

„Направивме синдикална организација во фирма каде работат претежно жени. Од оние похрабрите поставивме претседател, членство и Управен одбор на синдикатот. По извесен период се направи стечај на фирмата и сите кои учествуваа во синдикалната работа останаа надвор, значи ги елиминираа што значи заплашување за синдикална работа и барање на работнички права“, додава Силјановски.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG