Достапни линкови

Влегува ли Македонија во грчки шинел?


Илустрација

Илустрација

Во изминатите три години владата се задолжи 700 милиони евра, а за годинава предвидува да се задолжи за дополнителни 200 милиони.

Државниот долг за првпат надмина 2 милијарди евра. Според податоците на Министерството за финансии, долгот на централната влада на последниот ден од минатата година изнесувал 2 милијарди и 89 милиони евра, што претставува 28,2 проценти од Бруто домашниот производ.
Ова е политика купи ден-помини. Се позајмува од странство за да се исплатат пензиите, значи апсолутно сите дупки во домашната економија, сите дупки во буџетот, се покриваат со задолжувања во странство. Тоа е само привид и тоа не е одржливо на долг рок, тоа во еден момент ќе застане и кога ќе застане, тогаш веќе го имате грчкото сценарио.

За споредба, државниот долг во 2001 година бил 1,873 милијарди евра што тогаш било 48,8 проценти од БДП. Потоа, долгот се намалува за во 2004 да изнесува 1,583 милијарди евра, односно 35,6 отсто од БДП. Наредната 2005 година, државниот долг повторно се зголемува на 1,848 милијарди евра, што било 38,3 отсто од БДП-то. Во наредните три години, државниот долг континуирано се намалува за на крајот на 2008 да изнесува 1,386 милијарди евра, односно 20,6 проценти од Бруто домашниот производ.
Долг на централна влада заклучно со 31.12.2011.

Долг на централна влада заклучно со 31.12.2011.


Од 2008 година досега, задолжувањето постојано се зголемува, за пред месец и половина да ја надмине сумата од 2 милијарди евра. Тоа значи дека во изминативе три години, владата се задолжила за дополнителни 700 милиони евра.

​Опозицијата жестоко ја критикува брзината со која владата го зголемува долгот. Ако продолжиме вака, ќе влеземе во грчкото сценарио за неможност да се вратат долговите, вели потпретседателот на СДСМ, Зоран Јовановски.

„Ова е политика купи ден-помини. Се позајмува од странство за да се исплатат пензиите, значи апсолутно сите дупки во домашната економија, сите дупки во буџетот, се покриваат
Македонија и македонската економија во последниве пет години имаше многу подобри остварувања отколку грчката економија и гледано во иднина, македонската економија и во следните пет години ќе биде многу подобра од грчката економија, односно македонската економија ќе биде многу постабилна и ќе има економски раст за разлика од Грција.
со задолжувања во странство. Тоа е само привид и тоа не е одржливо на долг рок, тоа во еден момент ќе застане и кога ќе застане, тогаш веќе го имате грчкото сценарио. Значи грчкото сценарио во овој момент не се случува во Македонија, меѓутоа со брзината со која Република Македонија се задолжува во странство ние се движиме кон она каде што сега се наоѓа Грција“, вели Јовановски.

Од друга страна, вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески е дециден дека нема никаква опасност Македонија да влезе во грчкото сценарио за презадолженост.

„Македонија е ниско задолжена земја. Македонија, согласно последните податоци, е меѓу најниско задолжените земји во Европа и така и ќе остане“, вели Ставрески.

Тој нагласува дека Македонија има и ќе има постабилна економска Проекција за движење на јавниот долг и клучните параметри

Проекција за движење на јавниот долг и клучните параметри

состојба од Грција.
Проблемот не е 2012-та, проблемот допрва ќе доаѓа, во 2015, 2016-та и 2017-та година. Значи во тие три години вкупно Македонија ќе треба да врати странски долг, зборувам вкупно за три години, во износ поголем од 1 милијарда евра.

„Македонија и македонската економија во последниве пет години имаше многу подобри остварувања отколку грчката економија и гледано во иднина, македонската економија и во следните пет години ќе биде многу подобра од грчката економија, односно македонската економија ќе биде многу постабилна и ќе има економски раст за разлика од Грција која што веројатно уште неколку години ќе има економски пад каков што имаше во изминативе пет години“, рече Ставрески.

Зоран Јовановски од СДСМ, пак, вели дека власта се обидува да наметне теза дека Македонија е ниско задолжена земја и затоа нема проблем. Главното прашање не е големината, туку брзината со која владата го зголемува долгот и потсетува дека само за три години долгот е зголемен за 700 милиони евра.

„Тоа е политика која ќе создава привид дека оваа влада има успеси, се до оној момент додека има некој во странство којшто е расположен да ни позајми пари како на држава. Во моментот кога тоа веќе нема да биде случај, Македонија ќе мора да се прилагоди на суровата реалност, а тоа прилагодување, ако нешто не се превземе во меѓувреме, ќе биде многу болно. Проблемот не е 2012-та, проблемот допрва ќе доаѓа, во 2015, 2016-та и 2017-та година. Значи во тие три години вкупно Македонија ќе треба да врати странски долг, зборувам вкупно за три години, во износ поголем од 1 милијарда евра“, вели Зоран Јовановски.

Според проекциите на Министерството за финансии, јавниот долг, пак, годинава треба да достигне 2,623 милијарди евра односно 33,5 отсто од БДП. Јавниот долг го опфаќа државниот долг, надополнет со долгот на јавните претпријатија и трговски друштва кои се во целосна или доминантна сопственост на државата, општините, општините во град Скопје, Град Скопје и на Народната банка на Македонија.

Според Стратегијата за управување со јавниот долг на Република Македонија за периодот од 2010 до 2012 година, за годинава се предвидува државниот долг да достигне 2,287 милијарди евра, што значи дека владата предвидува годинава да се задолжи за доплонителни 200 милиони евра.

Економистите посочуваат дека не е најважно колкав е долгот, туку за што се трошат тие пари и додаваат дека е добро ако се трошат за капитални инвестиции.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG