Достапни линкови

Продуктивни инвестиции за санирање на задолжувањето


Доколку капиталните расходи создадат профит, задолжувањето би можело да се санира, коментираат познавачите.

Капиталните расходи како и субвенциите и трансферите се двете ставки од расходната страна на предлог Буџетот за 2012 година кои најмногу се финансираат со задолжување, се гледа од бројките. Економистите коментираат дека доколку капиталните расходи создадат профит, задолжувањето би можело да се санира, додека опозицијата, пак, се противи на високото ниво на задолжуивање.

Професор Јован Пејковски вели дека ако капиталните расходи создаваат добивка, задолжувањето може да се покрие.

Учество на задолжувањето во ставките од расходната страна на Предлог-буџетот за 2012 година

Учество на задолжувањето во ставките од расходната страна на Предлог-буџетот за 2012 година

„Ако капиталните расходи се продуктивна намена, што значи тие да создаваат услови и можности за создавање на нови вредности, логично е дека преку таквите капиталн иинвестиции ќе се обезбеди повраток, бидејки тие треба да создаваат ефект на долг рок. Јас се согласувам дека во услови на криза секогаш се можни потреси и турбуленции, но најлошо е ништо да не се прави и да не се инвестира. Обратно, инвестирањето ја поттикнува вкупната економска активност, односно придвижува една спирала на влијанија во економската, во финансиската сфера, која што ја повлекува економијата во позитивна насока.“

Прашањето е ефектот од субвенциите. Значи да за задолжувањето ако тоа носи повисоки ефекти.
На второ место според финансирање со заеми и донации се расходите за Субвенции и трансфери. Оправданоста на задолжувањето за овие расходи исто така зависи од исплатливоста на субвенциите, смета Пејковски

„Прашањето е ефектот од субвенциите. Значи да за задолжувањето ако тоа носи повисоки ефекти. Во секој случај, ’кост бенефит’ анализата мора да покаже кое е нивото на задолженост и под кои услови. Затоа што гледаме дека и на ниво на светски економски трендови постојат процеси кои што значат задолжување, но во функција на раст и развој“.

Вреди да се спомене дека во изминативе години најактуелни беа субвенциите за земјоделството, гранка која постигна раст од 2.5 проценти во вториот квартал годинава, што според познавачите е скромно.

На расходната страна на Буџетот доминираат социјалните бенефиции. како ќе се постигне раст со доминантно непродуктивен расход?

На расходната страна на Буџетот доминираат социјалните бенефиции. како ќе се постигне раст со доминантно непродуктивен расход?

Загриженоста за задолжувањето ја покрена опозицијата. Според пресметките на опозициската СДСМ, со евентуално спроведување на предлог буџетот за догодина, секој граѓанин би живеел на кредит. Претставникот на партијата Марјанчо Николов објаснува:

„Секој граѓанин на Република Македонија се раѓа со долг од 1.250 евра. Сите идни генерации што ќе се родат во идните години, ќе се родат со долг. Оние што живеат веќе го имаат тој долг“.

Главен аргумент на власта е дека народната каса е флексибилна и се прилагодува на економските состојби. Министерот за финансии Зоран Ставрески забележува дека буџетот расте заедно со Бруто домашниот производ и инвестициите.
Министерот за финансии Зоран Ставрески

Министерот за финансии Зоран Ставрески


„Точно е тоа дека Буџетот расте и тука ни е основната разлика. Расте Бруто домашниот производ, растат странските и домашните инвестиции, растат платите и пензиите во изминативе пет години, расте социјалната помош и наша политика е да растат.“

Останува да се види дали економскиот раст догодина ќе биде доволен за покривање на расходите и санирање на задолжувањето за истите. Мора да се има предвид дека економистите го опишаа како амбициозно очекувањето за раст од над 4 проценти догодина а Светската банка излезе со многу поскромни очекувања за догодинешниот економски раст.
XS
SM
MD
LG