Достапни линкови

logo-print

Возила и мебел за економски раст?


Oд основниот буџет, без заеми и донации, власта планира да троши повеќе пари догодина за возила отколку за капитални субвенции за претпријатија и невладини. Од ММФ препорачуваат внимателно трошење на парите.

Препораката на ММФ за да внимава на трошоците не важи само за Македонија, но во секој случај проекциите за раст на економијата од 4,5 отсто догодина е нереална, сметаат дел од упатените. Останува отворено прашањето дали власта догодина планира да штеди ако, на пример, од основниот буџет планира да троши повеќе пари за возила отколку за капитални субвенции за претпријатија и невладини.

Не може воопшто да говориме за некаков развој од 4,5 проценти, бидејќи тој развој би бил втемелен на превртување од шупливо во празно.
Професор Мириљуб Шукаров вели дека препораката за штедење повеќе се упатува до оние земји кои имаат проблеми со буџетските дефицити.

„Македонија не е таква земја, но сепак и во Македонија се препорачува зголемено штедење токму заради можноста за намален извоз и девизната ликвидност, а со тоа и намалените можности да се набавуваат стратешки суровини во иднина. Се разбира, тука е и намалената активност на претпријатијата кои се извозно ориентирани.“

Дали постои можност за загрозување на проекцијата за раст од 4,5 проценти ако власта почне да штеди на капиталните расходи, кои би требало да обезбедат развој на економијата? Шукаров одговара:

„Не може воопшто да говориме за некаков развој од 4,5 проценти, бидејќи тој развој би бил втемелен на превртување од шупливо во празно. Домашната економија не може да го понуди тој развој. Единствен начин да се зголеми развојот во Македонија, значи на македонскиот бруто домашен производ е со зголемување на инвестициите и извозот.“

Токму тоа е проблемот број еден, дополнува Шукаров

„Бидејќи тука веќе не е прашање на способноста на македонската економија да ги зголеми своите производствени можности, иако тоа не може така на краток рок без големи инвестиции да се зголемат извозните можности, туку смалените шанси да се пласира во странство.“

без позајмување и донации власта планира да троши повеќе пари за возила отколку за субвенции. Дали новите возила директно ќе придонесат за раст од 4,5 проценти?

без позајмување и донации власта планира да троши повеќе пари за возила отколку за субвенции. Дали новите возила директно ќе придонесат за раст од 4,5 проценти?

Каква е структурата на трошоците кои би требало да придонесат за раст на економијата? На пример, од основниот буџет и фондови (не сметајќи задолжување и донации) ќе се трошат повеќе пари за возила отколку за капитални субвенции за претпријатија и невладини. Власта планира да се задолжи и за двете ставки.

Не може капитална инвестиција да биде разубавување на канцеларијата на некој референт, министер или заменик министер.
Ако успее да добие заем, за капитални субвенции за претпријатија и невладини ќе се трошат околу десетина отсто повеќе пари во споредба со трошоците за нови возила. Би можело да се аргументира дека возилата кои би се купувале би биле, на пример, амбулантни коли, но мора да се има предвид дека буџетот за возила на Министерството за здравство е само неколку проценти од вкупниот расход за оваа намена. Основното прашање е дали возилата и ставката за купување мебел може да се сметаат за капитални расходи? Одговара бизнисменот Ристо Гуштеров:

„Не може капитална инвестиција да биде разубавување на канцеларијата на некој референт, министер или заменик министер. Тоа ни случајно не проаѓа. На тие ставки секогаш се штеди. Во најригорозни услови, најригорозно се штеди на тие ставки: лимузини, мебел, пиење кафе... Се намалуваат патните трошоци, хотелски трошоци и така натаму. Секоја фирма, а да не зборувам за држава, секоја фирма прво удира со штедење на таквите ставки.“

Инаку, меѓу другото, првиот човек на делегацијата на ММФ Вес Мекгру порача и намалување на задолжувањето во странство.
XS
SM
MD
LG