Достапни линкови

Мерки за заштита од грчката криза


Од протестите во Атина

Од протестите во Атина

Добро буџетско менаџирање, распределување на капиталот на фирмите во банките и разгледување на алтернативни решенија, дел од мерките за заштита од грчката криза.

Добро менаџирање со државниот буџет, поголемо распоредување на капиталот на фирмите во банкарскиот сектор и разгледување на долгорочни алтернативни решенија, се дел од мерките кои власта и стопанствениците ги сугерираат за амортизирање на шокот од кризата во Грција и некои земји од еврозоната.
И самите стопанственици влечат едно искуство и веројатно веќе имаат во повеќе банки средства и не ги влечат сите свои задолженија, сите свои побарувања во грчкиот систем.

Ризикот за малите и средни претпријатија, кои сочинуваат најголем дел од стопанството, потенцијално може да се согледа во банкарскиот сектор каде е влезен грчки државен капитал, сметаат стопанствениците. Бизнисменот Зоре Темелковски вели дека власта веќе има регулативи за контрола на банкарскиот сектор:

„И самите стопанственици влечат едно искуство и веројатно веќе имаат во повеќе банки средства и не ги влечат сите свои задолженија, сите свои побарувања во грчкиот систем.“

Ефектот од кризата ќе се почувствува од тоа што македонското стопанство во голема мера е зависно од солунското пристаниште, смета Темелковски:

„Испуштена е една шанса, во Драч ни беше дадена шанса да учествуваме, да бидеме концесионери и ја испуштена е од таа влада можноста да се отвори тој коридор како алтернативен.“
Државата треба да направи алтернативни решенија за да се избегне оваа криза бидејќи ние не знаеме колку ќе трае оваа криза, со блокирање на патишта и целат таа криза околу Грција.

Министерот за финансии Зоран Ставрески изјави дека Македонија добро менаџира со Буџетот, тврдејќи дека стравувањата за можен банкрот на Грција воопшто не се позитивни и дека Македонија не е земја која може да влијае врз овие процеси. Според него, земјава може врз основа на сопствениот буџет и сопствените економски политики да настојува да го поддржи сопственото стопанство преку политиките на повисоки капитални инвестиции. Но, дали тоа би било доволно? Економистите на неколку наврати ја потенцираа потребата од диверзификација на инвестициите.

Македонија има добра географска позиција за привлекуивање на алтернативни инвестиции, смета економскиот аналитичар Висар Адеми, но од тука се поставува прашањето дали со привлекување на инвеститори од други локации преку, на пример, Албанија или Бугарија може да се постигне краткорочен ефект?

„Мислам дека инвестициите се многу добредојдени, но имаат многу долг рок за да се видат кои се тие бенефиции или ефекти од инвестиции. Јас мислам дека државата треба да направи алтернативни решенија за да се избегне оваа криза бидејќи ние не знаеме колку ќе трае оваа криза, со блокирање на патишта и целат таа криза околу Грција.“

Во јавноста дополнително се создава загриженост и за тврдеата на одредени стопанственици, дека земјава со Грција ги нема потпишано ни основните договори за заштита на инвестициите. Економистите за сега не сакаат да шпекулираат дали овој момент би предизвикал дополнителни штети за Македонија.
XS
SM
MD
LG