Достапни линкови

logo-print

Буџет 2012: Повеќе за социјала, а невработеноста намалена


Архивска фотографија: Протест на стечајците во март 2010 година.

Архивска фотографија: Протест на стечајците во март 2010 година.

Во Собранието продолжува расправата меѓу власта и опозицијата за буџетот 2012 во кој се планираат за 1,2 проценти повеќе пари за социјални трансфери. Прашање е зошто во услови кога власта тврди дека невработеноста се намалува, а ги крати социјалните расходи од 5 години придонес во случај на невработеност на 18 месеци се планираат повеќе пари за сопцијални трансфери? Згора на се, за идната година, пак, се предвидини поголеми ставки за непродуктивни трошоци отколку за социјалата.

Владата за догодина планира да троши повеќе народни пари за социјални трансфери, откако предложи намалување на периодот за исплата на социјална помош за невработените и додека во јавноста се пласираат статистики за наводно намалување на стапката на невработеност. Од тука се поставува прашањето, ако невработените пократко време добиваат надоместоци и ако има помалку невработени, тогаш зошто се планира трошење на повеќе народни пари за социјални трансфери, ставка во која спаѓаат надоместоците за невработените, здравствените услуги и пензиите?

Од една единствена причина што ако се зголемува нешто, а се намалува од друга страна таа социјална издашност да речам на државата во тој случај за што ќе се трошат тие пари?!
Очигледно постои спротивност во политиките, вели правниот експерт Драге Јовановски.

„Од една единствена причина што ако се зголемува нешто, а се намалува од друга страна таа социјална издашност да речам на државата, во тој случај за што ќе се трошат тие пари?! Претпоставка е дека тоа се недефинирани средства, точно не се знае што е, и претпоставка е дека ќе бидат пренаменувани за други потреби.“

Во предложениот буџет за догодина власта констатира дека социјалните трансфери се зголемени за 1.2 отсто во однос на 2011 година.

Во предложениот буџет за догодина власта констатира дека социјалните трансфери се зголемени за 1.2 отсто во однос на 2011 година.

Потребно е оние кои го предлагаат буџетот да дадат отчет за намената на расходите, вели Јовановски.

„Дали е за примена на одредена одредба од буџетот која ќе функционира во наредната година или пак само декларација дека еве наводно се зголемува, а всушност нема да доведе до профункционирање на таквите предвидени пари во буџетот на Република Македонија?“
Јас не гледам некоја развојна компонента во буџетот, поготово затоа што се наоѓаме во период на криза каде што субвенционирање и растечки политики за приватниот сектор се неопходни.

Може само да се претпостави дека нови вработувања во јавната администрација би повлекле поголеми социјални расходи, како покривање на здравствените услуги и слично, смета економскиот аналитичар Висар Адеми.

„Не е логично тоа што треба да се намалуваат, нели Владата велеше дека ќе има скалила на намалување на сите придонеси и други социјални расходи, но па од друга страна сега зборуваат дека ќе има нови вработувања, затоа е тој дел од расходите поголем, веројатно ќе има пак вработувања во јавната администрација. “

Без задолжување, власта планира да троши повеќе пари за мебел и возила, кои исто како и социјалните трансфери, се непродуктивни трошоци.

Без задолжување, власта планира да троши повеќе пари за мебел и возила, кои исто како и социјалните трансфери, се непродуктивни трошоци.

Адеми потсетува дека голем дел од буџетот се троши на непродуктивни расходи и оперативни трошоци на институциите

„Јас не гледам некоја развојна компонента во буџетот, поготово затоа што се наоѓаме во период на криза каде што субвенционирање и растечки политики за приватниот сектор се неопходни.“

Социјалните трансфери се сметаат за непродуктивни трошоци од народната каса поради тоа што од нив нема профит. Но според бројките во предлог-документот, може да се утврди дека од основниот буџет, без заеми и донации, власта планира да троши повеќе пари догодина за возила и мебел отколку за капитални субвенции за претпријатија и невладини.

Од второспоменатите, барем теоретски се очекува создавање на нови приливи во народната каса.
XS
SM
MD
LG