Достапни линкови

Проект „Придвижување на вредностите“


Иницијативата за реализација на проектот потекна од македонската композиторка Катерина Пејоска
Иницијативата за реализација на проектот потекна од македонската композиторка Катерина Пејоска

Презентирани првичните резултати од проектот ,,Придвижување на вредностите" чија цел е изучување на можностите за користење на современите технолошки достигнувања во музиката.

Придвижување на вредностите е проект чија цел е изучување на техниките и можностите за користење на современите технолошки достигнувања и компјутерите во музиката. Иницијативата за неговата реализација потекна од македонската композиторка Катерина Пејоска која подолго време живее и твори во Кралството Холандија, а покрај нејзината ZOEY – Фондацијата за уметност и култура, во остварувањето на проектот се вклучени Академијата за уметности од Утрехт - Факултетот за уметност, медиуми и технологија во Хилверсум и ДМБУЦ Илија Николовски Луј.
Ова што како соработка се остварува има тенденција да се развие во еден дел од областа на технологијата, електрониката, на технологијата во музиката, нешто што е тенденција и практика во цел свет.
Влатко Георгиев, професор и музичар.

Овој вид на соработка помеѓу еден факултет и средно музичко училиште се случува по прв пат кај нас и е од огромно значење за размената на искуствата и стекнувањето на нови знаења во употребата на технологијата во креирањето и изведувањето на современи музички дела.
Во одредувањето на содржините и целите на ваквата заложба, покрај Пејоска, учествуваа професорите Герард Ван Волферен и Ханс Тимерманс од Холандија и Влатко Георгиев кој во нашето училиште е задолжен за предметот Вовед во Сонологија и компјутерско компонирање.

Влатко Георгиев, музичар и професор по предметот Вовед во Сонологија и компјутерско компонирање
Влатко Георгиев, музичар и професор по предметот Вовед во Сонологија и компјутерско компонирање
„Ова што како соработка се остварува има тенденција да се развие во еден дел од областа на технологијата, електрониката, на технологијата во музиката, нешто што е тенденција и практика во цел свет, а што кај нас изостанува досега и се надевам дека ќе се развие до солидно ниво со тоа што ќе им се даде едно солидно предзнаење на учениците“,вели Георгиев објаснувајќи дека во проектот активно се вклучени учениците од трета и четврта година кои што ги посетуваат неговите предавања.

„Станува збор за користење на звуци креирани од самите ученици, еден спој на електронска обработка на звук и класичен инструмент.“
Влатко Горгиев, професор и музичар.

Тој забележува дека како дополнителна и многу значајна подршка за училиштето е донацијата од седум компјутери Мекинтош и миди опрема од Уметничката академија во Утрехт кои се основниот предуслов за унапредувањето на знаењата од оваа област, а за 15 декември го најавува и првиот промотивен перформанс во рамките на Придвижување на вредностите.

„Станува збор за користење на звуци креирани од самите ученици, еден спој на електронска обработка на звук и класичен инструмент.“

Влатко Георгиев, кој како музичар работи со својот состав ИНФЈУЗ и е член на новото откровение на групата МИЗАР, за проектот дополнува дека дава добри насоки да се продлабочи соработката со Факултетот за уметност, медиуми и технологија од Холандија каде, како што вели, извонредно многу се обрнува внимание на работата на посебните оддели за обучување на кадри кои ќе се занимаваат со правење музика за филм, театар, реклами и видео игри.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG