Достапни линкови

Концерт на дуото Начевски-Вршкова во Белград


Марија Вршкова, пијанистка.

Марија Вршкова, пијанистка.

Дуото Горан Начевски – бартон и Марија Вршкова – пијано, ќе одржат целовечерен концерт во Белград, во рамките на соработката меѓу Здруженијата на композитори на Србија, Словенија и Македонија.

Во сјајот на гласот е насловена 20-та јубилејна меѓународна трибина во рамките на која во Белград ќе се случи концертот на оперскиот пејач Горан Начевски и пијанистката Марија Вршкова. Македонските уметници на ова случување што како организатори го потпишуваат Здружението на композиторите на Србија, Друштвото на композиторите на Словенија и Сојузот на композиторите на Македонија и чија цел е промоција на современото творештво ќе се претстават со одбир на дела од балкански и светски автори.

Ќе ми биде чест прв пат да настапам во Белград, никогаш до сега не сум настапувал, ниту со оперска претстава, ниту со солистички концерт, така што ова е прв рецитал и се надевам на успешен концерт и на добро прифаќање од публиката.
Сепак, настапот е планирано да го започнат со Фантастичните записи на Томислав Зографски и со трите религиозни песни што како творец ги потпишува самиот Начевски.

„Ќе ми биде чест прв пат да настапам во Белград, никогаш до сега не сум настапувал, ниту со оперска претстава, ниту со солистички концерт, така што ова е прв рецитал и се надевам на успешен концерт и на добро прифаќање од публиката.“
Горан Начевски, баритон.

Горан Начевски, баритон.


Кога сме веќе кај него да кажеме дека Горан Начевски, во 2000 година, дипломира на отсекот композиција при Факултетот за музичка уметност ​во Прага, Република Чешка. Една година подоцна истото тоа го стори и на отсекот за соло пеење во класата на професор Рене Тучек, а докторската дисертација по Теорија на музика со специјализација Теорија на композиција ја одбрани во 2006 кај професорот Милан Славицки. Автор е на оркестарски, камерни, вокални и солистички дела кои се изведувани во земјава и во странство, а во мометов работи како доцент на ФМУ и како солист во Македонската опера и балет.

Не е едноставно кога треба пред се да се претстави една земја, едно творештво, а дури потоа претставувајќи се себе си како уметник.
Од друга страна, Марија Вршкова е една од најдобрите музички уметници што и даде печат на македонската пијанистичка школа на почетокот на 21 век. За својата фасцинантна дејност на полето на камерната музика е добитник на специјалната награда за најдобар соработник што специјално жири и ја додели на натпреварот Охридски бисер, настапувала со голем број познати светски солисти како Моника Лесковар, Стефан Миленковиќ и други, како солистка ја воодушевувала публиката во Русија, Холандија, Германија, Полска, Велика Британија и во други земји, а како член на ансамблот АЛЕА учествувала во праизведби на повеќе од 20 дела.

Во пресрет на актуелното претставување на Современото македонско музичко творештво во Белград, Вршкова истакнува дека му се радува на концертот и дека тие добиле извонреден термин за својот перформанс настапувајќи на последната вечер од ова случување кое се одвиваше од 11 до 14 ноември.

„Верувајте дека не е едноставно кога треба пред се да се претстави една земја, едно творештво, а дури потоа претставувајќи се себе си како уметник.“
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG