Достапни линкови

logo-print

Фестивал на европски филм „Синедејс“


Со данскиот филм „Во подобар свет“ награден со оскар за најдобар странски филм, ќе започне 10-то јубилејно издание на фестивалот на европски филм СИНЕДЕЈС 2011.

Скопје во претстојниве десет дена ќе живее како на филм. Во кината Милениум и Фросина, обете сали во Рамстор, Кинотеката на Македонија, на големото платно под отворено небо на Плоштад Македонија, во музеите, клубовите и во кафулињата наново ќе се слави седмата уметност и посебно достигнувањата на европскиот филм.
Десетти фестивал е навистина еден сериозен потфат кој бара пред огромен човечки потенцијал и капацитет, огромни финансиски средства, огромна програма да се сочини сиот тој репертоар, повеќе гости, и одлучивме дека треба да направиме еден ваков исчекор на јубилејот.

Љубителите на подвижните слики ќе имаат можност да ги видат Фауст на Александар Сокуров – добитник на Златен лав во Венеција, Монахот на Доминик Мол, Авр на Аки Кауриомаки, Меланхолија на Ларс Фон Трир, Беше еднаш во Анадолија на Нури Билге Џелан, Фламенко, фламенко на Карлос Саура, Полноќ во Париз на култниот Вуди Ален, Детето со велосипед на браќата Дарден, Циркус Колумбија на Денис Тановиќ, добитникот на Златна мечка - Разделба на Аогар Фархади, Опасен метод на Дејвид Кроненберг, Куќата во Торино на легендарниот унгарски режисер Бела Тар и други.

„Десетти фестивал е навистина еден сериозен потфат кој бара пред огромен човечки потенцијал и капацитет, огромни финансиски средства, огромна програма да се сочини сиот тој репертоар, повеќе гости, и одлучивме дека треба да направиме еден ваков исчекор на јубилејот“, истакнува Златко Стефковски, директорот на Младинскиот културен центар кој е носител на проектот што се одржува под покровителство на Град Скопје и Делегацијата на Европската унија во Република Македонија.

Во официјалната програма на СИНЕДЕЈС 2011 ќе бидат прикажани 12 филма што и годинава ги селектираше Германецот Бернд Будер, одговорен и за одбирот на фестивалот во Котбус и преселектор на Форум програмата на Берлиналето. Од друга страна, досегашната селекција Балканлинк овојпат е преименувана во СинеБалкан и во нејзини рамки ќе бидат прикажани осум филма, а во Кинотека на Македонија паралелно ќе се одвива новопромовираната програма Земја во фокусот која има за цел да ги претстави кинематографиите на Република Словенија и на Грузија.

Десеттото јубилејно издание на Синедејс, преку селекцијата Македонија и Европа, ќе стори преглед на филмските остварувања на продуцентите и актерите од нашава земја кои што твореле во продукции од Турција, Италија, Албанија и други земји од светот, најавени се и премиерните проекции на домашните остварувања како Луѓе без земја на Марко Ѓоковиќ и Девојчето со кибритчиња на Филип Матевски, а во клубовите во градов ќе бидат проектирани осум музички документарци и одржани 10-тина концерти одбрани од Тони Шариќ, првиот човек на реномираниот ДОРФ фестивал.

Конечно на манифестацијата се очекуваат 100-на гости меѓу кои славниот Бела Тар, актерите Лазар Ристовски и Никола Којо, а ќе бидат доделени четири награди – за режија, сценарио, најдобар европски и балкански филм, а жирито го сочинуваат Огнен Свиличиќ од Хрватска, англискиот критичар Нил Јанг и нашиот Даријан Пејовски.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG