Достапни линкови

Денови на комедијата


Илустрација
Илустрација

Во првата половина на октомври во Куманово ќе се одржи традиционалниот меѓународен театарски фестивал.

Со девет театарски комедии од Македонија, Србија, Бугарија и Косово од почетокот до првата половина на октомври кумановци ќе имаат можност да уживаат следејќи го одржувањето на 14-от традиционален меѓународен ревијален театарски фестивал Денови на комедијата. Комедиите ќе бидат играни на сцената на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“, а како и претходните така и годинава се бара билет повеќе.

Кумановци зачмаени во секојдневното сивило, притиснати со бројни животни проблеми како резултат на сиромаштијата, беспарицата, невработеноста,преку хуморот и сатирата барем додека ги гледаат претставите очекуваат да се орасположат.
Беспарицата што може да ја поправи! Ништо! Треба човекот да има па да биде расположен. Без пари ништо не го орасположува. Може моментално, но потоа. Нема расположение.
Анкетиран граѓанин.

„Беспарицата што може да ја поправи! Ништо! Треба човекот да има па да биде расположен. Без пари ништо не го орасположува. Може моментално, но потоа. Нема расположение“, велат кумановци кои не се премногу расположени за комедии.

Но има и такви кои со нетрпение го очекуваат фестивалот.

„Денови на комедија и претставите секогаш не разведруваат.“

„Весело да биде,да се разведриме малку.“

„Секогаш одам на претстави. Сакам да гледам шеги и смеа, а на политичките собири веќе не одам. Одам само каде што има шега и смеа.“

Овие кумановки додаваат и дека хуморот е како лек, зашто со него лошото се фрла зад себе.
Секогаш одам на претстави. Сакам да гледам шеги и смеа, а на политичките собири веќе не одам. Одам само каде што има шега и смеа.
Анкетиран граѓанин.

„Зависи од претставите. Ако претставите се доволно комични расположението може да се поправи.“

РСЕ: Му треба ли на Куманово еден таков фестивал?

„Апсолутно, да. Секогаш е потребно да има комедии во нашите животи,зашто ако нема смешни и среќни моменти, што тогаш е животот.“

А љубителите на комедијата ќе уживаат со „Сомнително лице“ на МНТ од Скопје, „Олово на перница“ од скопскиот Драмски тетар, со охридската „Метаморфози“, „ Не се шетај гола“ од Позориште Славија од Белград, Србија. „Маратонците го трчаат почесниот круг“ ќе биде претставена од прилепскиот театар, комедијата „Брат за брат, кисело млеко за долари“ од театарот од Пеќ, Косово. Комедијата „Квартет за двајца“ ќе ја изведе актерска екипа од бугарскиот театар од Ќустендил, додека во заедничкиот босанско-македонско-хрватски проект „STAND UP COMEDY“, ќе играат Перица Јерковиќ, Весна Петрушевска и Домагој Пинтариќ. Комедијата „Генерална проба за самоубиство“ на актерската екипа од велешкиот театар ќе го означи крајот на овогодишната театарска манифестација.

Учесниците на фестивалот освен аплаузи и насмевки за спомен ќе добијат и статуетки во ликот на кумановскиот шегобиец и боем Батко Ѓорѓија. А колку комедиите ќе останат запаметени кај кумановската публика зависи не само од комедиите и актерите, туку и од тоа колку кумановци во ова сивило се подготвени да ги восприемаат.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG