Достапни линкови

logo-print

Јордан Симонов во „Панкот не е мртов“


Актерот Јордан Симонов на снимањето на филмот Панкот на е мртов.

Актерот Јордан Симонов на снимањето на филмот Панкот на е мртов.

Актерот Јордан Симонов е носител на една од главните улоги во филмот Панкот не е мртов на режисерот Владимир Блажевски.

Со 40-тина театарски улоги зад себе во проекти како Глембаеви, Буре барут, Обѕрни се во гнев, Шопинг енд факинг, Црнила 005, Демони, Кралот Иби, Мара Сад и други, учества во филмови од кои за издвојување се Прашина на Милчо Манчевски и Превртено на Игор Иванов Изи, голем број на телевизиски остварувања...Јордан Симонов во моментов е актуелен со ликот на Мирса во Панкот не е мртов, новото долгометражно остварување на режисерот Владимир Блажевски. Се работи за радикално скопски филм од кој, како што забележуваат оние што го виделе, ќе останат многу реплики за
Некои викаат ’така требало да биде‘ или ’судбина‘ или ’случајност‘, но јас мислам дека е одговор на се она што јас сум го живеел. Едноставно целата работа околу филмот беше
мој терет.
прераскажување и за црна комедија во која на актерот од извонредно големо значење во креацијата му било неговото сопствено минато – македонската рок сцена на која директно или индиректно и самиот и припаѓал.

„Некои викаат ’така требало да биде‘ или ’судбина‘ или ’случајност‘, но јас мислам дека е одговор на се она што јас сум го живеел. Едноставно целата работа околу филмот беше мој терен.“

Јордан Симонов во филмот Панкот на е мртов.

Филмот е снимен со скромни средства, но со многу генерациски ентузијазам, а за остварената соработка со колегите Тони Михајловски и Камка Тоциновски, Симонов дополнува дека:

„Сите ’ископавме‘ во себе она што природно го носиме како луѓе и мислам дека тоа се гледа многу и луѓето уживаат во нашата едноставна игра.“

Сепак, тој остава филмот и нивните остварувања во него различно да бидат толкувани.

„Глупаво е да има еднострани критики, мора да има различност за да има прогрес во целата работа.“

По над две децении минати на сцената во МНТ и со неколку силни
Глупо е да има еднострани критики, мора да има различност за да има прогрес во целата работа.
филма во сопственото портфолио, Симонов е длабоко навлезен во своите зрели актерски години и затоа со право знае да каже дека сега е во позиција да ги одбира проектите само по еден основ – квалитетот на понудата.

„Сега веќе се работи дали проектите се добри или лоши, дали ме провоцираат да направам нешто ново, да креирам нова улога.“

И, конечно, глумецот деновиве покрај обрските што ги има со претставите од редовниот репертоар на својата матична куќа, ги започна пробите за своето ново филмско остварување што како домашен продукт ќе започне да се снима наскоро.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG