Достапни линкови

Денови на комедијата


Брошура за Денови на комедијата
Брошура за Денови на комедијата

Во Куманово започнува 13-тото меѓународно ревијално издание на театарскиот фестивал Денови на комедијата.

Секојдневие исполнето со приказни за немаштијата, за невработеноста, за беспарицата и премногу политика, наредните десетина дена кумановци ќе го разубават со комедијата. На сцената на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ и на Театарот во Куманово ќе продефилираат осум актерски ансамбли од театрите од државава и од Србија и Хрватска, учесници на Тринаесеттото меѓународно ревијално издание на театарскиот фестивал Денови на комедијата. Кумановци, надалеку познати по шегобијноста и ведриот дух, од сите возрасти, горди се на својот фестивал единствен во државава.

„Секоја година се зголемува посетеноста. Кога ќе се пуштат билетите во продажба забележуваме дека тоа оди побрзо од претходната година. Особено за претставите однадвор, од другите држави. Има многу љубители на театарот и од другите градови и
Комедијата е еден од најтешките жанрови за играње. Жално е кога некои луѓе мислат дека комедијата е нешто што лесно може да се направи и лесно да се изигра и многу брзо да се продаде. Комедијата се создава со многу работа, со многу труд.
од Скопје“, вели Роберт Павлевски директор на Центарот за култура.


Актерот Зоран Љутков кој е чест гостин на кумановската театарска сцена за комедијата и за фестивалот забележува:

„Комедијата е еден од најтешките жанрови за играње. Жално е кога некои луѓе мислат дека комедијата е нешто што лесно може да се направи и лесно да се изигра и многу брзо да се продаде. Комедијата се создава со многу работа, со многу труд. Мислам дека е добро што пости и доволен е затоа што како држава немаме капацитет да се отвориме да имаме два или три фестивали. Единствен е и доволен и се надевам дека ќе има традиција, ќе продолжи.“

А кумановската публика, која со нетпрение ги очекува Деновите на комедијата, кога целиот град живее со и за уметноста, не го крие задоволството:


„Како единствен фестивал од ваков вид во Македонија, мислам дека не само за кумановци, туку и за останатата македонска јавност има големо значење, бидејќи во времето кога сите зборуваат за политиката и економската криза, овие осум до десет денови секој ќе се насмее и ќе си го разубави моментот или животот барем во тие час и половина додека трае претставата.“

„Со душа ги очекувам. Ова е фантастично.“

„Деновите на комедијата за нас е излегување од дома, хумор, смеа, опуштање...“
Шанса да видиме театри поинакви од нашиот. Не мораме да одиме во Скопје да го видиме Драмскиот. Гостува и белградскиот и театри од други држави.


„Релаксација.“

„Разонода. Нешто да се смени.“

„Шанса да видиме театри поинакви од нашиот. Не мораме да одиме во Скопје да го видиме Драмскиот. Гостува и белградскиот и театри од други држави. Ова е навистина збогатување на културниот живот во нашиот град. Традиција која градот треба да ја негува.“

Од годинешните Денови на комедијата кумановци ќе запаметат по некоја реплика од „2012-Последните Македонци“ на Драмскиот од Скопје, од Нушиќевиот „Покојник“ на битолскиот, од „Љубовникот со голем стил“ на штипскиот театар, „Жени на власт“ на турскиот од Скопје,“ од „Свири го тоа повторно, Сем“ од белградскиот, од „Крпен живот„ на прилепскиот и од „Молерот“ на хрватскиот театар од Сплит.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG