Достапни линкови

Драмска програма на Охридско лето


Премиера на „Свадбата на Фигаро“ во Охрид.

Премиера на „Свадбата на Фигаро“ во Охрид.

Премиера на „Свадбата на Фигаро“ како дел од драмската програма на Охридско лето.

Десет дена драмска програма со наши и странски театри, конципирана како драмска класика во ново руво и три театарски премиери на Охридско лето годинава. Како мина првата фестивалска премиера на „Свадбата на Фигаро од Бомарше“, во режија на Леван Цуладзе од Грузија со МНТ на летната сцена „Долни Сарај“, каде со гласовите на актерите се мешаше и гласната музика од крајбрежните кафулиња?
Едноставно навистина многу ми се допаднаа костумите, сценографијата, особено изведбата на актерот Сашко Коцев.

„Сметам дека беше едно вистинско уживање за публиката, затоа што беше вистинско освежување, коешто мислам дека на секого му годеше, пред се затоа што мојот вкус е повеќе наклонет кон класичните изведби, на класичните претстави. Едноставно навистина многу ми се допаднаа костумите, сценографијата, особено изведбата на актерот Сашко Коцев“, вели Тања Кувенџиска, редовен проследувач на леото.

Сспоред неа, Рускиот театар „Вера Комесаржевскаја“, како редовен гостин на фестивалот, имал забележителна изведба со доста енергија во „Мили Ангели“ или „Ангели од сапуница“, а малубројните посетители на „Геноцид 21“ со нашиот Драмски театар имале ретка прилика да видат современа драма.


„Мислам дека тие што ја пропуштија претставата, имаат и за што да жалат, бидејќи таа даде еден моќен, оригинален засек на историјата, а секако покажа и храброст при начнувањето подалбоко и поенергично во вековната за нас болка и дилема македонско-грчката историја. Ова беше нешто ново и вредно за гледање, но за жал ние луѓето некако повеќе сакаме да гледаме нешто веќе познато и безброј пати одиграно“, вели Ирена Бачиќ, посетител на фестивалот и особено театарските претстави.
Мислам дека тие што ја пропуштија претставата, имаат и за што да жалат, бидејќи таа даде еден моќен, оригинален засек на историјата, а секако покажа и храброст при начнувањето подалбоко и поенергично во вековната за нас болка и дилема македонско-грчката историја.

„Има уште седум претстави на програмната од драмската уметност, и искрено мислам дека од 40 дена Охридско лето за драмската уметност одвоени се само десет, за кои мислам дека се премалку.“

„Сметам дека оваа година селекторот има направено навистина добар избор, којшто е за сечиј вкус, од најмладата до повозрасната публика. Јас со задоволство би ја изгледала и следната театарска претстава „Алиса во земјата на чудата“ на Театарот за деца и младинци“, вели публиката.

Која е ексклузивната ѕвезда што ќе стави печат на годинашната театарска програма?


„Јозеф Наџ е најреномираното име, затоа што тој е поврзан со гостување на сите светски фестивали во Европа и светот, фестивали коишто го примаат како гостин генијот на театарот на движење. Тој заедно со Прељо Каж ги има поставено основите на тоа што значи движење во простор и прв пат во историјата на Охридско лето доаѓа Јозеф Наџ и се разбира дека најголемата возбуда е токму за тоа име“, вели Ѓорѓи Јолевски, драмски селектор на фестивалот.

На фестивалот, Наџ ќе гостува со Креативниот центар од Србија и неговото авторско дело Без наслов пред публика од само 50-тина гледачи. До крајот на Охридско лето не очекуваат уште две премиери, комедијата „Кабаре мистериозо“ на новиот Охридски театар и на 20-ти август на затворањето, копродукциската „Медеја“ на Битолскиот народен театар.
XS
SM
MD
LG