Достапни линкови

Почнува „Лица без маски“


Лица без маски 2011
Лица без маски 2011

Фрли ја маската! е мотото на четвртото издание на Интернационалниот театарски фестивал ЛИЦА БЕЗ МАСКИ 2011.

Во времево и во просторот во кој политиката е најекспонираната сцена, а политичарите најизвиканите глумци, организаторите на интернационалниот театарски фестивал ЛИЦА БЕЗ МАСКИ - ПЛУНГ автори – Скопје и Универзална сала, ќе се обидат да најдат одговор на прашањето како да се живее реално, без маски на лицата и без илузии за стварноста. Од таму, сосема на место е мотото Фрли ја маската! што тие овојпат го одбраа за четвртото издание на манифестацијата чие основно начело е промоција на истражувачкиот театар, концептуалниот авторски израз и новите театарски естетики.

„Најчесто во секојдневниот живот луѓето носат маска и токму позади таа маска може да си дозволат да направат некои работи што не би се ги дозволиле без маска“,
Најчесто во секојдневниот живот луѓето носат маска и токму позади таа маска може да си дозволат да направат некои работи што не би се ги дозволиле без
маска.
вели продуцентот на фестивалот Миодраг Костиќ.

Ваквата заложба ќе се обидат да ја оправдаат трите исклучителни претстави што ќе и бидат понудени на публиката - Комедија дела Баск на актерката Иман Лизаразу од САД, Круг во режија на Агнес Нокшиќи а во изведба на студентите од ФДУ од Приштина и Мене, Такел, Фарес на АКАНТ ТЕАТАР од Софија.

„На отварањето имаме чест да видиме една невообичаена престава. Станува збор за претстава за она што значи човечки доблести и човечки недостатоци представувајќи ги на еден комичен начин притоа доставувајќи театарски форми како што е игра со најразлични предмети, жонглирање, пантомима, танц“, истакнува селекторот на програмата, режисерот Игор Ивковиќ.

Говорејќи, пак, за она што го потпишува актерката, сега веќе и режисерка и професорка на Факултетот за драмски уметности во Приштина со своите студенти, тој дополнува дека станува за интригантна претстава која се бави со сексуалноста, со љубовта, со односите меѓу половите во светот во кој владеат традиционалноста и стереотипите и дека таа изобилува со многу танц и со убава музика.

Од друга страна, на затворањето на ЛИЦА БЕЗ МАСКИ 2011, на 15 април, ќе биде прикажан еден музичко-сценски спектакл насловен како Мене, Такел, Фарес кој го донесуваат членовите на театарската лабораторија АКАНТ од Софија, а Ивковиќ заокружува дека:

„Оваа година имаме три претстави.“

Инаку, ова издание на ЛИЦА БЕЗ МАСКИ е прво што се одвива во Универзална сала по трите што во изминатите години се случуваа во Младинскиот културен центар во Скопје. Проектите ќе се прикажуват на сцената Кутија со почеток во 20 часот, а билетите за една претстава чинат симболични 150 денари.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG