Достапни линкови

Кодекс за фер избори


Како и пред повеќето избори, и пред овие, партиите потпишуваат Кодекс за слободни и фер избори. Како овој пат Кодексот ќе се применува во пракса?

Пред почетокот на секој изборен процес политичките партии склучуваат Кодекс на однесување за слободни и фер избори, но правилата на игра, за експертите, како што покажала досегашната практика, остануваат само на хартија. Претседателите на најголемите политички партии денеска потпишаа таков договор, кој не претставува законски документ, туку е обврзување за
Ние на декларативен начин и на декларативно ниво се согласуваме, но во суштина, во содржина, во структурата негова и примената, сигурно повторно ќе имаме отстапувања и ќе имаме проблеми.
добро однесување и учество со цел да се повикаат на одговорност сите потписници на Кодексот.

Претходно лидерите на ДУИ и ДПА, Али Ахмети и Мендух Тачи, пред претставниците на меѓународната заедница во земјава, потпишаа пакт со кој се обврзаа дека нема да шират говор на омраза, меѓусебно да не се навредуваат и провоцираат и да ги почитуваат резултатите од гласањето.

Професор Осман Кадриу вели дека правилата во Кодексот треба да се почитуваат, бидејќи тие се репер дека изборите ќе бидат спроведени според законот. Но, на претходните избори се покажало дека тие не се примениле, вели тој.

„Ние на декларативен начин и на декларативно ниво се согласуваме, но во суштина, во содржина, во структурата негова и примената, сигурно повторно ќе имаме отстапувања и ќе имаме проблеми.“
Без да има укажување и предлози од надвор, од меѓународната заедница, упатуваат на потреба за да имаме стабилни и здрави односи во државата, да имаме правна
сигурност,
безбедност.


Според Кадриу, и без притисокот од меѓународната заедница за потпишување на такви Кодекси пред одржување на какви било избори, тие треба да бидат усвоени самостојно од страна на политички партии.

„Приликите и односите во државата без да има укажување и предлози од надвор, од меѓународната заедница, упатуваат на потреба за да имаме стабилни и здрави односи во државата, да имаме правна сигурност, безбедност, нужно е да се донесе кодексот и на таа потреба се свесни политичките субјекти, а и државните органи.“

На церемонијата под мотото „Каков белег ќе оставиме“ се обрати и директорот на Националниот демократски институт, Крис Хеншоу и со неа започна и кампањата за Кодексот на однесување, која е финансирана од УСАИД и се однесува на сите инволвирани страни во изборите.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG