Достапни линкови

(Не)Фер избори?


Власта очекува мирни и фер избори, додека опозицијата изразува сомнеж за изборните правила што власта сама си ги донесе и за гласањето на дијаспората.

Владејачките партии очекуваат мирни и фер избори, додека на опозицијата, како што велат, и е јасно дека власта не сака да спроведе демократски изборен процес. Во најголемата опозициска партија СДСМ очекуваат најголем проблем да биде тоа што изборните правила не беа донесени
Влегуваме во избори без консензус и околу воспоставувањето на механизми пред се и за пречистување на избирачкиот список што создава сомнеж околу желбите на власта по секоја цена да направи фалсификат на овие избори.
заедно со опозицијата:

„Влегуваме во избори без консензус и околу воспоставувањето на механизми пред се и за пречистување на избирачкиот список што создава сомнеж околу желбите на власта по секоја цена да направи фалсификат на овие избори“, изјави Владо Бучковски.

Секој има своја одговорност за крајната оценка за демократскиот капацитет на Македонија, велат во ДУИ. Деновиве во парламентот имаше жестоки реплики меѓу пратениците од оваа партија и од нејзиниот политички ривал, опозициската ДПА. Во оваа партија очекуваат мирни и фер избори. Фокусот го ставаат на тоа дека сега ќе има разлика од како што велат крвавите избори во 2008, алудиарјки дека тогаш во власта беше ДПА, а кога според нив атмосферата била далеку потензична.

Ќе не доближат ли изборите до ЕУ.

„ДУИ секогаш кога биле на власт сме докажале дека знаеме да ги организираме тие избори така што очекуваме и овие избори да поминат без инциденти“, изјави Рафиз Алити.

Сомневањата на ЛДП доаѓаат од изборниот законик за кој изрзуваат забелешки дека беше донесен без консензус, а особено спорно за нив може да биде гласањето на дијаспората и начинот на кој тоа ќе се одвива:

„Таму очекувам крајно нефер и недемократски избори затоа очекувам дека овие избори ќе бидат не во целост фер и демократски, но на мојата земја не и посакувам такви избори и сакам партиите сериозно да ја сфатат задачата.“
Затоа очекувам дека овие избори ќе бидат не во целост фер и демократски, но на мојата земја не и посакувам такви избори и сакам партиите сериозно да ја сфатат задачата.

Роза Топузова Каревска очекува проблем да биде избирачкиот список кој не беше прочистен заедно со опозицијата. Одговорот на ВМРО-ДПМНЕ на опозицијата дека власта не сака фер избори дојде неодамна лично од премиерот Груевски кој порача дека Македонија нема друга алтернатива освен дека ќе има фер, слободни и демократски избори, а дека оние што сакаат да го нарушат тоа ќе бидат казнети од институциите на системот.

Официјалната кампања почнува официјално на 16-ти мај. До 5-ти мај партиите и колаициите треба да ги достават своите листи за пратеници до ДИК. Во наредните денови ВМРО-ДПМНЕ најави дека граѓаните ќе добијат партиска програма и отчет за сработеното. Во наредниот период ЛДП се концентрира на работа на терен. СДСМ ги очекува промоција на изборната програма и конгрес најавен за наредните 10 дена, а во ДУИ веќе се одвиваат активности во ограноците за номинирање кандидати. Следните недели органите на партијата ќе се определуваат за кандидатите по што ќе следи кампања.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG