Достапни линкови

Можни ли се изборни инциденти?


Влева ли надеж предизборната кампања која партиите веќе ја почнаа, мирен изборен процес?

Избори без притисоци и насилство, партиски митинзи без пукотници, гласачки места без вооружени партиски активисти, изборни штабови кои нема да се демолираат и цивилизирани, мирни и демократски избори. Ова се основните барања на граѓаните за предвремените парламентарни избори. Но, реалноста е малку поинаква велат граѓаните. Дел од нив, очекуваат изборите да се прават инциденти.

„Дефинитивно постои можност да има насилство со се ова што се случува.“
Само очекуваме секој ден да пукне.

„Како што е вообичаено, не очекувам да бидат мирни, можно е да бидат со инциденти.“

„Само очекуваме секој ден да пукне.“

„Овој народ со ваква власт може да се очекува се.“

Дел од нив, пак, велат народот конечно научи како треба да се гласа, а и казните сега се поголеми.

„Ако има тензии, меѓутоа полицијата ќе си ја заврши својата работа, а и казните се високи.“
Не верувам дека ќе има, созреан е народот, до
толку ли е?!


„Не верувам дека ќе има, созреан е народот, до толку ли е?!“

„Во руралните средини сега веќе и таму се средува, се знае кој ги правеше порано тие работи сега веќе им заврши приказната, а и законот е поригорозен.“

Американскиот амбасадор во Скопје, Филип Рикер се надева дека во Македонија ќе има фер и демократски избори:


„Веруваме дека сте способни да го направите тоа. Ќе ги чекаме резултатите, и се надевам дека луѓето ќе ги пополнат гласачките ливчиња, и ќе учествуваат на изборите, како што тоа се прави насекаде во светот.“

Програмскиот директор на „Цивил Медиа“ Илир Ајдини вели дека изборниот процес кој веќе е започнат не покажаува дека ќе ги исполни барањата на граѓаните за мирни избори.
Отворените декларативни непријателства меѓу главните политички опоненти кои резултираат и со евидентна поделеност меѓу граѓаните, неколкуте инциденти што пред самиот почеток на изборната кампања, како што е кршењето на изборните штабови пред изборите, не ни влеваат многу оптимизам дека овој пат ќе имаме избори без насилство.

„Отворените декларативни непријателства меѓу главните политички опоненти кои резултираат и со евидентна поделеност меѓу граѓаните, неколкуте инциденти што пред самиот почеток на изборната кампања, како што е кршењето на изборните штабови пред изборите, не ни влеваат многу оптимизам дека овој пат ќе имаме избори без насилство.“

Невладината организација Цивил која го спроведува проектот „Избори без насилство“ на терен утврдила одредени закани за насилство и нарушување на изборниот процес. Но, како што вели претседателот на организацијата, Џабир Дерала, се уште не може да се запали црвеното светло. Тој додаде дека само со превенција и со „силен глас“ ќе може да се спречат и обесхрабрат оние кои што мислат дека со насилство ќе дојдат на власт.

„За овие избори влогот е огромен да не кажам капитален, ќе снема одредени политички субјекти, односно ќе бидат потполно маргинализирани и затоа мислам дека по секоја цена се обидуваат политчките партии, барем оние што претендираат на повисок број места во Парламентот, мислам дека нема да штедат на средства, инструменти за да дојдат до што поголем број на гласови.“

Работни групи составени од кординатори од Цивил и преставници од локалната самоуправа, невладини организации, одделенијата за полициска превенција и политички партии ќе работат на терен за превениција од насилство на терен. Изборите ќе бидат мониторирани и од 350 набљудувачи од ОДИХР.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG